Рибата што често ја купуваме може да биде штетна по здравјето: 3 видови што треба да ги одбегнувате и нивните најдобри алтернативи

Корисно е да се знае

На овој вид риба треба да се обрне посебно внимание и не треба да ја јадете често

Во понеделникот почна големиот божиќен пост, а едно од главните јадења што ќе се најде на трпезата секако е рибата. Рибата е многу здрава, но може да биде и опасна по здравјето ако консумирате одредени видови од загадени подрачја.

Рибата е богата со протеини, витамини, минерали и здрави омега-3 масни киселини, но голем недостаток е тоа што може да содржи многу жива. Поради тоа, треба да обрнете внимание на тоа што купувате.

Одредени видови риба треба да ги одбегнувате и да ги одберете оние што се помалку штетни наместо нив, а еве кои се тие…

ОДБЕГНУВАЈТЕ скуша

Иако оваа риба се смета за една од најздравите, поради нејзината непребирливост, таа е една од оние што треба да ги одбегнувате. Скушата е предатор и не одбира што јаде, па постои голема шанса да е полна со жива.

НАМЕСТО скуша, јадете сардела

Оваа ситна риба која е богата со вкусови, совршено оди со салати и тестенини, а содржи значително помалку жива. Не само што сарделата е полна со масни киселини, туку и содржи голема количина на железо.

ОДБЕГНУВАЈТЕ свежа албакор туна

Имено, туната албакор содржи средно ниво на живо и затоа треба или да ја одбегнувате или да јадете една помала порција неделно. За шницлата од туна важи истото правило.

НАМЕСТО ТОА, јадете туна од конзерва

Туната од конзерва не содржи многу жива, па затоа можете да ја јадете значително почесто од свежата варијанта.

ОДБЕГНУВАЈТЕ сабјарка

Оваа риба, исто како и скушата, се храни со други риби и се наоѓа на самиот врв од синџирот на исхрана. Затоа, обидете се да ја одбегнувате или јадете ја што поретко.

НАМЕСТО ТОА, јадете сардини

Значително поевтина и подостапна опција е сардината, која истовремено е и многу хранлива. Најдобро би било да ја јадете свежа, но нутриционистите се согласуваат дека и таа од конзерва е одличен извор на омега-3 масни киселини и витамин Д.

За оваа риба кажуваат дека е многу здрава: Го заштитува вашето срце, го намалува холестеролот и ја поправа меморијата
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.