Растителен бургер наспроти бургер од месо: Кој е поздрав?

Што велат експертите?

Американците во просек јадат 50 милијарди хамбургери. Тоа значи многу месо, а веганските алтернативи стануваат сè попопуларни. Затоа, не изненадува што многумина се прашуваат која опција е поздрава.

Што е растително месо?

Месото од зеленчук се смета за преработена храна, таа често содржи голема количина на состојки за подобрување на вкусот. Иако не целата преработена храна се произведува на ист начин, истражувањата сугерираат дека диетата богата со преработена храна може да резултира во повисок внес на калории и зголемување на телесната тежина.

Преработената храна е исто така проблематична од други причини, особено поради количината на натриум. Премногу натриум во исхраната може да предизвика голем број здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања и мозочен удар. Според центрите за контрола на болести, најголемиот дел од натриумот во нашата диета потекнува од преработена храна од ресторани.

Како и да е, месото од растително потекло може да биде погоден начин за замена или намалување на внесот на вистинско месо, особено ако е дел од диета богата со зеленчук и овошје, интегрални житарки, мешунки и јаткасти плодови.

Но, дали е вегансото „месо“ подобро за вашето здравје?

Голема привлечност при изборот на ваква храна е перцепцијата дека тие се поздрави од консумирање месо, но дали тоа е точно зависи од целокупната диета. На пример, ако изберете помеѓу хамбургери и растителни опции понудени во ланци за брза храна, и двете опции имаат слична количина калории, заситени маснотии и натриум.

Со други зборови, ниту една опција не е здрава ако ја консумирате секој ден.

Прочитајте и: Кога немате пари, овие евтини намирници се најздравиот избор

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.