Работничка диета што ги топи килограмите: Ослабете 7 килограми за една недела!

Нема да бидете гладни!

Со оваа диета, освен што ќе изгубите 5 до 7 килограми неделно, ќе го ставите вашето тело во процес на детоксикација

Оваа работничка диета е осмислена од страна на една успешна американска компанија уште во 1985 година, со цел да им помогне на вработените да го изгубат вишокот килограми, а со тоа да бидат и поздрави.

Во тоа време била популарна и како зелка-диета, а планот на исхрана се засновал на тоа човекот во текот на денот да внесе помалку калории одошто му се потребни, што доведува до топење на вишокот маснотии во организмот.

Прв ден

На самиот почеток на диетата можете да го консумирате кое било овошје, освен банана. Не постојат ограничувања во количината, слободно јадете што повеќе овошје.

Втор ден

Наместо овошје, јадете зеленчук, без разлика дали е варен или свеж, нема ограничувања. Појадокот, на пример, може да ви биде печен компир, а по желба може да додадете и малку путер.

На тој начин ќе му ги дадете неопходните јаглехидрати на телото и ќе се наполните со енергија за остатокот од денот. Зеленчукот ќе му обезбеди доволно хранливи состојки и влакна на вашиот организам, а практично не содржи калории.

Трет ден

Освен банана и компир, третиот ден може да јадете секакви комбинации од овошје и зеленчук, без ограничувања на видот и количината. Компирот не ви е потребен, бидејќи ќе внесете јаглехидрати преку овошјето. Во оваа фаза, телото е подготвено да ги согори вишокот килограми.

Четврти ден

Банани и млеко. Овој ден може да изедете до 8 банани, да испиете 3 чаши млеко и супа, која може да ја јадете колку што сакате (како и во текот на останатите денови од диетата). Бананите се важни бидејќи ќе ви го вратат натриумот и калиумот што организмот ги изгубил претходните три дена.

Петти ден

Ден за говедско и домати. Може да изедете 6 цели домати и две порции по 300 грама говедско. Не мора да изедете се’ од говедското, јадете колку што ви одговара, додека доматите би требало да ги изедете сите.

Гледајте во текот на овој ден да ја зголемите количината на внесена вода за дополнителни 2 чаши, за да му помогнете на телото да се прочисти од мочната киселина што ќе настане за време на варењето на говедското. Месото ќе му да де на вашето тело железо и протеини, а доматите со нивните влакна ќе помогнат при варењето.

Шести ден

И шестиот ден се јаде говедско, но доматот се менува со комбинација на зеленчук по сопствен избор. Може да јадете зеленчук колку што сакате, а говедско исто како и петтиот ден (2 порции по 300 грама).

Овој ден, телото потполно ќе може да губи килограми и ќе ја видите разликата во вашиот изглед во споредба со периодот пред да почнете со диетата.

Седми ден

Последниот ден јадете кафеав ориз, овошни сокови и зеленчук, без ограничувања.

Напомена:

Секој од седумте дена задолжително пијте 6-8 чаши (освен ако не е поинаку назначено) и задолжително јадете супа (супата се јаде без ограничувања и опфаќа течност и варен зеленчук).

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.