Протеинското кафе е најновиот тренд, но дали е здраво?

Новиот тренд наводно ни помага да внесуваме повеќе протеини, но дали е овој пијалак здрав?

Уште еднаш, „ТикТок“ нè запозна со новиот тренд наречен протеинско кафе. Овој пијалак, кој комбинира протеински шејк и ладно кафе, исто така ни помага да внесеме повеќе протеини. Но, колку е здрав?

Протеините се клучно гориво за организмот, особено наутро или после тренинг. Но, реалноста е дека повеќето луѓе внесуваат двојно повеќе протеини отколку што ни требаат. Имајќи го тоа на ум, се прашуваме дали е здраво да се внесува повеќе протеини со овој пијалак?

Дали е здраво протеинското кафе? 

Протеинското кафе содржи две главни корисни состојки – кафе, кое е полно со антиоксиданти, и протеински прав или шејк, кој создава енергија и помага во обновување на мускулите.

Меѓутоа, ако користите протеински прашоци, имајте на ум и други состојки што ги содржат, како што се додадени шеќери. Експертите ве советуваат да ги барате оние прашоци кои не содржат засладувачи (ниту природни ниту вештачки).

Експертите исто така велат дека ако веќе имате урамнотежена исхрана, богата со здрави масти, протеини, овошје, зеленчук и сложени јаглехидрати, на вашето тело не му треба протеинско кафе.

Луѓето кои не добиваат доволно хранливи материи, како што се вегани, вегетаријанци или екстремни спортисти, можат да го консумираат ова кафе.

Се разбира, сè има свое „но“. Кога станува збор за протеинско кафе, важно е да се напомене дека тоа не е замена за оброк. Овој пијалак не ги содржи потребните витамини, минерали или растителни влакна.

Протеинско кафе: Идеално гориво за спортисти 

Кофеинот го стимулира телото и го прави буден, а протеините ја подобруваат мускулната функција. Затоа, според експертите, овој пијалак е идеален за луѓе кои се занимаваат со физичка активност. Совет е да пиете протеинско кафе еден час пред тренинг.

Како да направите протеинско кафе

На видеото подолу, откријте како да го направите овој пијалак.

Прочитајте и: Газираните сокови не се лоши само за телото: Еве како сè влијаат на здравјето на мозокот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.