Протеин од сурутка или од соја: Во што е разликата и кој е подобар?

Еве го одговорот!

Сè почесто на социјалните мрежи се споменува „whey протеин“ (протеин од сурутка), а ништо помалку не е популарен и соиниот протеин. Генерално, протеински прашоци (концентрирани извори на природен протеин или животински протеин) нашироко се користат од многубројни причини.

Не само што е многу лесно да се користат, некои од тие врсти се истовремено богати со есенцијални витамини и минерали кои можеби не ги добиваме од храната, а самите протеини се неопходни за изградување на мускулната маса, како и недостатокот на вишокот килограми.

Меѓутоа, како што е обично, денес на пазарт имаме разноразни варијанти на тема протеински прашоци, што од животинско, што од природно потекло, што до некаде може да не збуни. Најпопуларни се суруткините и соините протеини, па ајде заедно да ги дознаеме најнеопходните од нив.

Што е суруткин протеин?

Во прашање е протеин од животинско потекло, а настанува од пастеризација на млекото. Врз тоа, од млекото се извлекуваат јаглехидратите, мастите и водата, а она што останува е прашокот под називот whey протеин. Оваа врста протеини содржат лактоза (ниска концентрација), па не е најпогодна за лица кои се интолеранти на овој млечен шеќер.

Бенефити од протеинот од сурутка

Истражувањата покажуваат дека овој протеин ги зајакнува јачината и мускулната маса и истото се советува на спортистите. Врз тоа, овој протеин покажува делотворно дејство во намалување на симптомот псоријаза.

Што е соин протеин?

Соиниот протеин е на природна база, а се прави со сушење на сојата, која потоа се меле како прашок. Поради начинот на производство, соиниот протеин е погоден за вегетаријанци и вегани, како и на оние кои се интолерантни на лактоза.

Бенефити од соиниот протеин

Научното истражување покажува дека овој протеин го регулира нивото на холестерол во крвта, а врз тоа, богат е со калциум, па ги зајакнува коските.

Она во што стручњаците се најсложни е дека whey протеинот е за нијанса поефикасен во изградување на мускулната маса, но тоа не значи дека доколку не консумирате намирници од животинско потекло, ќе немате адеквантна замена во вид на соин протеин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.