Препознајте ги скриените калории

Плус: нискокалорични замени

Колку што му се радуваме на летото поради топлото време, толку го сакаме и поради лесната храна. Но не е секоја храна што ја врзуваме за летото е лесна – има многу специјалитети за кои мислиме дека се совршени за топлите денови, но од кои се дебелееме.

СКАРА Мириса прекрасно, но колку всушност калории се кријат во месото? Фрлете плескавица од 200 г на скара, изедете неколку парчиња леб со неа и оп – сте внеле 500 калории и 30 г маснотии без да трепнете!

ЗАМЕНА: земете бело месо од мисирка или мелено јунешко месо, а наместо леб или лепина, изедете само зелена салата или тенко парче интегрален леб.

НАПИВКИ Ништо не освежува подобро од напивки полни со мраз. Но доколку внимавате на линијата, треба да внимавате на количеството што го консумирате, но постои добра замена и понатаму да уживате во омилените вкусови.

ЗАМЕНА: ако сакате сосема да избегнете калории, алтернатива се освежителни пијалаци со засладувачи – често имаат нула калории, а еднакво добро освежуваат.

САЛАТА Салата е најчест избор на оние што сакаат да се хранат лесно или што мораат да ослабат. Но и со нив мора да бидете умерени! Салатата воопшто не е лесна ако ја натоварите со преливи, наросите со крцкава сланинка, со кубети или ако изедете неколку парченца леб со неа.

ЗАМЕНА: слободно јадете салата, но зачинета со маслиново масло, сок од лимон и со сол – избегнувајте преливи поради маснотиите.

Текст: Н. Човиновска

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.