Премногу честите промени во вашата исхрана може да имаат опасни последици по вашето здравје

Бидете внимателни

Не е невообичаено да ви се здосади од одреден тип на диета, па да започнете некоја нова. Овој став кон диетите не е добар за вашето здравје, според Аби Лангер, професионален нутриционист.

Таа предупредува дека постојаните промени во диетата ја загрозуваат емотивната состојба и дека откажувањето од одредена храна може да предизвика контраефект, што е копнеж за одредена не толку здрава храна, како што се чипсови, слатки или тестенини.

Мелани Буер, која исто така е нутриционист, предупредува дека постојаната транзиција од диета во диета, иако физички не штети премногу, сигурно влијае на емоционалната состојба на една личност.

„Човечкото тело е неверојатно и ќе толерира сѐ што ќе му подготвите“, вели таа, додавајќи дека најдобро е да избегнувате какви било крајности во вашата диета, што може да доведат до ненадејни несогласувања во метаболичката состојба на вашето тело.

„Вашето тело претрпува промена од диета претежно базирана на масти во диета базирана на јаглени хидрати“, објаснува Мелани.

Овие ненадејни промени во исхраната на поединецот го прават уморен и раздразлив, а исто така може да доведат до промени во расположението и гладување.

Аби Лангер дава пример за драстична промена од кето диета, богата со маснотии и малку јаглени хидрати, до диета богата со растителни влакна. Во случај на таква промена, лицето може да се соочи и со гастроинтестинални проблеми како што се надуеност и гасови. Лангер предупредува дека ненадејната промена во исхраната може да предизвика замор и неухранетост доколку не се внесат доволно калории и хранливи материи.

Па, што да правите ако одреден вид диета не делува врз вас?

Аби Лангер предлага внимателно да размислите за тоа какви се вашите цели и очекувања пред да започнете нов режим на исхрана. Кога сте сигурни дека испробате некоја диета, дозволете си три месеци да го пратите вашиот напредок и да видите дали таквиот режим воопшто работи за вас.

Прочитајте и: Нова студија открива дека е добро да пиете филтер кафе, еве зошто

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.