Прави чуда: Почнувајте го секое утро со оваа напивка и за 14 дена нема да имате ни грам сало на стомакот!

Брзо решение

Оваа моќна напивка симнува килограми за рекордно време

Ако ја направите оваа едноставна промена и го почнувате утрото со оваа напивка наместо со вообичаениот појадок, килограмите брзо ќе почнат да се топат.

Зеленото смуди најпрво ќе почне да ги топи маснотиите на стомакот, а освен тоа, ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви ја регулира дигестијата. Колку е добро за линијата толку е корисно и за здравјето.

Тајната на овој оброк е во количината овошје и зеленчук кои изобилуваат со витамини, минерали и влакна, кои набабруваат и нѐ држат сити со часови.

Оваа напивка се прави од намирници кои одлично ги разбиваат масните наслаги, а освен тоа имаат и доволна хранлива вредност. Една чаша е доволна за да не чувствувате глад неколку час, а ќе имате енергија за сите активности.

Состојки:
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 чешне лук
  • 1/2 авокадо
  • 30 г спанаќ
  • 1 лажица мед
  • 1 дланка магдонос
  • 1/2 чаша топла вода

Се приготвува едноставно. Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека добиете соединета смеса.

Главните состојки во оваа напивка што во најголема мера влијаат врз слабеењето се ѓумбирот и авокадото.

Ѓумбирот е еден од најсилните активатори што го забрзуваат метаболизмот. Благодарение на него, телото согорува калории и ги претвора во енергија.

Авокадото е богато со моно-незаситени масти кои не се претвораат во масни наслаги. Благодарение на него, ќе бидеме сити со часови, бидејќи содржи доволно хранливи материи. Богато е со влакна кои поволно дејствуваат на метаболизмот и на цревата.

Па така, наместо појадокот на којшто досега сте навикнале, штом ќе станете, испијте го ова смуди. Најголем ефект има доколку се пие на празен желудник, а се препорачува да се консумира и по секој оброк, за да биде побрза разградбата на маснотии.

Чудотворна напивка од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за слабеење!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.