Повторно ја врати витката линија: Меган Маркл откри како без диети ги изгубила килограмите

Здравје

Погледнете кој трик за слабеење и помогна на Меган.

Меган Маркл, поранешната војвотка од Сасекс (таа и Хари се откажаа од кралските титули кога ја напуштија британската монархија), како и секоја жена, и таа имаше проблеми со вишокот килограми по второто раѓање. За да ослабне, применила докажана комбинација на вежби, всушност пилатес кој го обожава и корегирана исхрана.

Меган Маркл ја роди ќерката Лилибет на 4 јуни 2021 година. Како и сите други трудници, таа накачи килограми во текот на деветте месеци, а враќањето на поранешната фигура не беше воопшто лесно. Сепак, изненадувачки, таа успеа да го направи тоа во најкус можен рок.

За време на неодамнешното службено патување во Њујорк, сопругата на принцот Хари ги воодушеви корисниците на Интернет со извајанатa фигура, појавувајќи се во јавноста во тесен црн топ и нејзиното омилено здолниште од “Givenchy”, кое одлично ги дефинираше нејзината половина и колковите.

Но, како го направила тоа?

Излегува дека Меган Маркл има строго дефиниран распоред за спиење, а користи и некои трикови кои и помагаат да постигне витка линија.

Војвотката се откажа од кафето и другите пијалоци со кофеин, но не засекогаш. Според Меган, ова е клучот за квалитетен сон. По 16 часот, исхраната на сопругата на принцот Хари вклучува исклучително здрави пијалоци кои ја зголемуваат енергијата, а омилен ѝ е зелениот.

Не е новост дека присуството на вишокот килограми е последица на недостаток на сон. Секој што спие помалку од препорачаните осум часа навечер има тенденција да се здебелува, дури и ако следи строга диета. Така, експертите веруваат дека квалитетниот сон е клучот за одржување на виткото тело на сопругата на Хари. Добриот ноќен одмор промовира правилно варење и, како резултат на тоа, губење на тежината.

Уште еден важен услов во овој процес на „диетален сон“ е „златниот час“. Пред спиење, на поранешната војвотка и требаат најмалку 60 минути за целосно да се опушти. Тоа време можете да го искористите за да прочитате книга, само да легнете, да гледате нешто бесмислено на ТВ, да пиете чаша вино или да ги галите вашите миленици.

Меѓу другото, Меган цврсто верува во „лековитата“ моќ на ашваганда. Ашвагандата е една од најважните ајурведски билки и многу моќен адаптоген (му помага на телото да се прилагоди на негативните ефекти од хроничниот стрес со зголемување на енергијата, силата и издржливоста). Многу ефикасно го смирува телото и умот (како природен седатив), а во исто време дава енергија и го подига расположението и фокусот. Нема никакви несакани ефекти.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.