Потребен ви е само ОВОЈ трик за да изгледате како Џеј Ло: Нејзиниот тренер ја откри ТАЈНАТА на исхраната, а резултатите се видливи за само ДВЕ недели

Ноќта се разликува од денот

Која е тајната?

Џенифер Лопез и Лив Тајлер се вистински диви на Холивуд, а сите ги посакуваат нивната убавина и линија, но помалку познато е дека прибегнуваат кон еден едноставен трик кога станува збор за слабеењето.

Имено, актерките се придржуваат до правилото дека јаглехидратите се консумираат до два и пол попладне, а тврдат дека ваквиот начин на исхрана дава исклучително видливи резултати по само две недели, а за оваа генијална идеја е заслужен познатиот тренер Дејвид Кирш.

Имено, станува збор за еден вид мини-интервален пост, во кој внесот на јаглехидрати е ограничен на наутро и рано попладне. Овесна каша, тестенини, мешунки и слично се дозволени само во овој временски период.

По 14.30 часот, на менито е храна богата со протеини – како месо, риба и сирење и многу свежо овошје, зеленчук и салати.

Која е тајната?
Имено, јаглехидратите ни ја даваат драгоцена енергија до пладне, што ни помага да го издржиме денот и да бидеме фокусирани. Освен тоа, во тој период се движиме доволно за да ги согориме калориите до вечерните часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ако уживаме во голема пица, а потоа легнеме на каучот или одиме на спиење, вишокот енергија се складира во масно ткиво и така се дебелееме.

А кога станува збор за тоа колку точно јаглехидрати е дозволено да се внесуваат до 14.30 часот, тоа е сосема индивидуално.

Се разбира, на некој кој има физички напорна работа му треба повеќе од некој што седи на маса осум часа, сепак, Кирш советува да го слушате вашето тело и да јадете само кога сте навистина гладни.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време