Постојат 5 причини зошто можете да уживате во компири без грижа на совест

Неверојатни придобивки за здравјето

Покрај тоа што заситува, компирот е одличен извор на растителни влакна што го стимулираат варењето, калиумот, витамините Ц и Б и манганот, и нема да ве дебелее ако го јадете без дополнителни маснотии.

1. Компирите честопати неправедно се отстрануваат од менито затоа што дебелеат, но компирот нема да ве дебелее ако го јадете без додатоци на калории – како премногу маснотии, крем или сирење. Всушност, оваа храна е одличен извор на калиум, а само еден компир содржи четири пати повеќе калиум од банана. Калиумот е клучен за хидрирање на организмот и помага во намалување на крвниот притисок.

2. Компирите се богати со растителни влакна, а тоа е особено точно ако јадете компири од рерна со кора. Еден компир содржи околу седум грама влакна, поради што јадењата со компири даваат долготрајно чувство на ситост, но исто така го стимулираат варењето. Исто така, студиите покажуваат дека јадењето компири го намалува ризикот од срцев удар и висок холестерол.

3. Во кора од компири има многу солидна количина на витамин Ц, околу 29 мг во еден поголем компир, што е околу половина од дневната потребна доза. Затоа, компирот треба да се јаде за да се зајакне имунитетот, но и да се помогне раните да зараснат побрзо.

4. Компирот содржи манган, помалку познато хемиско соединение кое игра важна улога во обработката на протеини, јаглехидрати и холестерол. Вклучен е и во градење на коски и штити од остеопороза, а еден поголем компир содржи околу 33 проценти од дневната препорачана доза на манган.

5. Компирите содржат витамин Б6, кој игра значајна улога во кардиоваскуларното здравје, но исто така варење, имунитет, градење мускули и нервен систем. Еден компир содржи дури 46 проценти од препорачаната дневна доза на овој есенцијален витамин.

Прочитајте и: Дали знаете дека всушност појадокот треба да го јадете за вечера?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.