Постојано јадете слатки, еве како да го спречите тоа

Корисни совети

Ако консумацијата на слатки ви станува секојдневие, можете да започнете сериозна борба со слабеењето.

Затоа ви подготвивме неколку совети кои ќе ви овозможат да избегнете прекумерен внес на шеќер:

Одбегнете ги колачињата без шеќер 

Ако сакате да изедете нешто слатко, дозволете си неколку колачи, или ред чоколада, бидејќи сè е добро, додека е умерено. Ова е многу подобро отколку да се изберете производи „без шеќер”, кои често имаат вештачки засладувачи и ароми кои се повеќе штетни и предизвикуваат глад.

Пронајдете замена за белиот шеќер

Кога ви треба шеќер, најдобро е да јадете овошје наместо слатки. Најдобрата замена за белиот шеќер е овошниот шеќер, кој ќе ве држи сити многу подолго. Исто така, екстрактот од ванила и циметот се добри замени, тие се добри засладувачи кои можете да ги користите за да го засладите кафето.

Обрнете внимание на вашата исхрана

Желбата за шеќер доаѓа ако вашата исхрана се заснова на едноставни јаглехидрати и заситени масти. Решението е поголем дел од вашата диета да се заснова на растителни влакна и протеини, кои ќе ве одржат сити подолго време, намалувајќи ја потребата за шеќер.

Кога имате желба за слатко: Десерт што не дебелее: Здрави мафини од 3 состојки готови за 12 минути!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.