Поранешниот готвач на Наоми Кембел открил што јаде славниот супермодел: Ова е тајната на нејзината беспрекорна линија!

Итал-исхрана

Црната пантерка која во шестата деценија стана мајка, изгледа двојно помладо, а со нејзината совршена фигура со години го воодушевува светот

Славниот британски супермодел Наоми Кембел (51) отсекогаш важела за еден од најзгодните светски супермодели. Меѓутоа, тајната на нејзината беспрекорна линија не беше позната додека нејзиниот поранешен готвач од Јамајка не одлучил да ѝ ја открие на јавноста.

Имено, Шон Џон открил како се храни Наоми. Тој готвел за Наоми и за време на летовите, бидејќи таа одбива да ги јаде стандардните јадења во авион.

„Готвев за неа цела деценија. Мојата работа беше дневно да приготвам едно многу едноставно и здраво јадење од намирниците што Наоми сама ги набавува. Тоа е ‘итал’ што е јамајкански збор за личност што практикува вегетаријанска исхрана. Кога патуваше, ѝ приготвував храна за патот, бидејќи не ја сака храната во авион“, рекол Шон Џон.

Наоми Кембел

Додал и дека Наоми не јаде често храна од неговиот ресторан, бидејќи намирниците содржат глутен.

„Наоми никогаш не нарачува храна од ресторан. Ако се одлучи за таа опција, секогаш бара да ѝ приготвиме нешто што го нема на менито. Секогаш ѝ приготвувам ново јадење“, рекол и нагласил:

„Уште една важна работа: Наоми обожава различни вкусови. Не користи сол и бибер, но многу сака зачинско билје.“

Во едно интервју Наоми Кембел рекла дека јаде само еден оброк дневно. Не јаде млечни производи, глутен и пилешко.

„Јадам кога треба и не гладувам. Ако некој ден не чувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, не пијам вода и сокови. Зависи од тоа како се чувствувам. Во текот на летото и жештините пијам само сокови“, открила манекенката која стана мајка во 50-те години.

Наоми Кембел никогаш не била посреќна: Откри како се чувствува во улогата на мајка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.