„Поради оваа навика, цревата, мозокот и срцето работат како автомобил во лер“: Најголемата грешка што сите ја правиме кога сме на диета!

Совети од доктор

Фото: Unsplash

Најчестата грешка што ја правиме кога сме на диета, може да има контра-ефект

Вишокот килограми се голем проблем за многумина, а повеќето луѓе прибегнуваат кон разни диети, како и кон гладување за што побрзо да ослабат. Гастроентеролозите откриваат што се случува со нашиот организам кога сакаме да ги симнеме килограмите со изгладнување.

Докторите истакнуваат дека со тоа само се постигнува контра-ефект и објаснуваат зошто никако не е добро да се изгладнуваме кога сме на диета:

„Тоа никако не смее да се прави, а е најчестата грешка. Никако немојте да се изгладнувате! Нашиот мозок, нашите црева и срцето, тие постојано работат. Исто како и целиот наш систем за варење – тој работи во текот на целата ноќ. И за тоа потребна е огромна калориска експандитура, односно енергија. Ако ја нема доволно затоа што сме гладувале, организмот ќе работи како да е ‘во лер’. А тоа никако не е добро“, велат тие.

Тие исто така нагласуваат дека секој оброк е многу важен и објаснуваат како би требало тие да изгледаат.

„Не менувајте ништо, само пешачете повеќе и никако немојте да гладувате. Апсолутно мора да имате три оброка и две ужини. Појадокот треба да е обилен, ручекот нека содржи многу зеленчук и две ужини што може да бидат и леб со џем, јаболко или портокал“, истакнуваат тие.

Докторите ги советуваат луѓето да го проверат крвниот притисок, липидите, нивните фракции и шеќерот во крвта пред да почнат со диета.

„Тоа е основата на сè друго. Ако тоа е во ред, пешачете по четири километри дневно и ќе видите резултати. Најдобра е комбинираната диета. Мора да размислувате што ќе јадете и како тоа ќе му влијае на организмот. Во лето можете да јадете малку послично на Грците отколку на нордиските народи, да одбирате немасна риба и маслиново масло. И секогаш јадете до првото чувство на ситост. Тогаш престанете и направете пауза за да не се прејадете. Па кога повторно ќе огладнете, излажете го гладот со некоја лесна ужина“, заклучуваат докторите.

Веднаш исфрлете ги овие 3 намирници од исхраната – поради нив се дебелеете, се разболувате и побрзо стареете!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.