Нутриционистите советуваат што почесто да ги вклучувате јаткастите плодови во исхраната, особено индиските ореви
Јаткастите плодови се задолжителен дел од трпезата, особено за време на постот, а поради големото количество на минерали, добри, незаситени масти и витамини, добро би било да ги вклучите и во редовната исхрана. Секако, треба да водите сметка за количината, бидејќи повеќето од овие намирници содржат многу масти.
Нутриционистите советуваат да ги вклучувате јаткастите плодови во исхраната што почесто, особено индиските ореви.
Индиските ореви потекнуваат од Бразил, од тропско дрво и имаат форма на бубрег. Познати се не само по пријатниот вкус, туку и како вистинска нутритивна бомба.

Редовното консумирање индиски ореви може да го подобри здравјето на организмот
Еден грст (28 грама) непечени, несолени индиски оревчиња содржи околу 157 калории, 5 г протеини, 12 г масти, 9 г јаглехидрати и 1 г влакна. Овој нутритивен профил кажува дека содржат речиси исто толку протеини колку и готвеното месо.
Индискиот орев е најбогат со витамин Ц, што го содржи петпати повеќе од портокалите. Покрај тоа, има големи количества на витамин К, фолна киселина, магнезиум, цинк, калциум, селен, фосфор, бакар, антиоксиданси и мононезаситени масти.
Исто како лешниците, содржи олеинска киселина, која е значајна за превенција за кардиоваскуларни заболувања и зајакнување на срцето. Мононезаситените масти се важни за заболените од дијабетес, бидејќи го регулираат нивото на инсулин и ги намалуваат триглицеридите. Во индискиот орев нема холестерол.
Некои истражувања покажуваат дека добро е да се консумираат неколку индиски ореви дневно за превенција на појава на камен во жолчката. Неговите антибактериски својства влијаат врз уништувањето на бактериите и паразитите. Поради големата количина на растителни влакна, одличен е и за процесот на варење.