Појадок што е спас за цревата: Брзо се приготвува и лесно се вари – совршен оброк за време на диета

Ако барате здрав, лесен и брз оброк за почетокот на денот кој во исто време е добар за вашите црева, палентата е вистински избор.

Се приготвува од пченкарно брашно и се готви за само неколку минути, а покрај тоа е богата со хранливи материи кои позитивно влијаат на варењето и целокупното здравје.

Зошто палентата е толку добра?

Овој традиционален оброк не е омилен случајно:

  • Природно не содржи глутен, па е погоден и за лица со чувствителност на глутен.

  • Содржи големо количество минерали како фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

  • Нискокалорична е, што ја прави идеален избор за оние кои сакаат лесен оброк или внимават на линијата.

  • Ја поттикнува работата на цревата – редовната консумација го чисти дигестивниот систем и го забрзува метаболизмот.

Стручњаците препорачуваат палентата да се јаде барем еднаш неделно, бидејќи придонесува за здравјето на цревата и дава долготрајно чувство на ситост без тежина во стомакот.

Како се приготвува?

За една порција ви е потребно:

  • 2 дл вода

  • прстофат сол

  • лажица масло или маст

  • 2 и пол лажици палента

Приготвување:
Загрејте ја водата со солта и маснотијата. Кога ќе зоврие, тргнете ја од оган и со мешање додајте ја палентата. Гответе уште 2–3 минути на тивок оган додека стане мазна и густа.

По желба, можете да ја збогатите со сирење, кисела павлака, семки (лен, сончоглед), ајвар или да ја прелиете со топло млеко. Најдобро е да се меша со дрвена лажица, бидејќи металните можат да го променат вкусот поради оксидација.

Палентата е спој на традиција и здравје – лесно се вари, дава енергија и придонесува за подобро варење. Вклучете ја во своето мени барем еднаш неделно и ќе забележите разлика во виталноста, енергијата и чувството на леснотија во текот на денот.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе