Појадок по рецепт на докторка од Харвард: Оваа моќна комбинација на намирници ги исфрла токсините и ги прочистува цревата!

Пробајте

Докторката Тејо од Харвард со години го започнува денот со овој појадок, а благодарение на оваа комбинација на намирници никогаш немала проблем со здравјето

Појадокот е најважниот оброк во денот и затоа важно е паметно да ги одбирате намирниците. Од тој избор зависи колку ќе бидеме здрави, колку енергија ќе имаме и колкав ќе ни биде животниот век.

Докторката Моника Тејо од Универзитетот Харвард ни открива како изгледа нејзиниот прв оброк. Благодарение на ваквата исхрана, никогаш немала проблем со здравјето.

Како изгледа совршениот појадок?

Докторката нагласува дека печивата, палачинките и мафините не се добар појадок, бидејќи содржат преработени јаглехидрати и шеќери. Наместо тоа, за појадок би требало да одбирате оброци богати со влакна, протеини и здрави маснотии, за да бидете сити и да го одржите нивото на шеќер во крвта стабилно.

Прв чекор – овошје

Овошјето е составен дел од појадокот на докторката Тејо и обично приготвува околу 300 грама овошје. Голем фан е на замрзнатото овошје, бидејќи е помалку скапо и достапно е цела година.

„Овошјето е одлично. Богато е со витамини и антиоксиданси“, вели Тејо.

Втор чекор – јогурт

Јогуртот е одличен извор на протеини и пробиотици. Одберете обичен јогурт со намален удел на шеќер и измешајте го со приготвеното овошје. Докторката одбегнува видови јогурт без маснотии, бидејќи малку маснотии се добри за нас.

Трет чекор – јаткасти плодови

Земете грст од омилените јаткасти плодови или семки или нивна мешавина. Докторката Тејо одбира бадеми или индиски ореви.

„Јаткастите плодови се богати со здрави маснотии и влакна и ни даваат енергија“, вели таа.

Јадете, а слабеете: Правилното време за појадок, ручек и вечера со кои лесно и брзо ќе ослабете
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.