Подобро е да го фрлите бојосаното јајце отколку да го изедете: Експертите апелираат до граѓаните да внимаваат!

Исхрана

Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашите домашни

Ако сте подготвиле боја за јајца, луковина, оцет, боички и сите преостанати реквизити за вапсање јајца, мора да ве разочараме: експертите тврдат дека вапсаните јајца воопшто не смеe да се јадат!

Опасноста не произлегува од бојата за јајца, туку од фактот што ги вариме јајцата во петок, а ги јадеме дури во недела.

Американската управа за храна и лекови вели дека не би требало да јадете варени јајца или јадења што биле надвор од фрижидер подолго од 2 часа или подолго од 1 час, особено кога температурите се над 20 степени, бидејќи се подложни на бактерии.

Вапсаните јајца можете да ги јадете без страв, веднаш штом ги бојадисате, но повеќето од нас ги оставаат своите креации во корпички на маса и по неколку дена.

Ако изедете расипано јајце, може да ви се појави дијареја, повраќање, болка во стомакот или симптоми слични на грип, тврди Светската здравствена организација.

Доколку сакате да се заштитите себеси и вашите домашни, најдобро е да ги чувате варените јајца во фрижидер до Велигден, а потоа да ги фрлите.

Не е сеедно: Ова е единственото место во фрижидерот каде што би требало да чувате јајца!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.