Пијалак кој ги чисти цревата: Ослабете неколку килограми, забрзајте го метаболизмот! (РЕЦЕПТ)

Ако се чувствувате уморно и беспомошно, обидете се да го пиете овој пијалак секое утро пред појадок во тек на 7 дена.

Ако имате проблеми со надуеност, запек, вашиот метаболизам е забавен и ви е тешко да изгубите вишок килограми, дури и кога сте на диета, овој природен пијалак може да ви помогне. Особено е ефикасен кај луѓе кои страдаат од запек, а неговите природни состојки го забрзуваат метаболизмот.

Главната состојка на овој пијалак се сливите, кои се одличен извор на витамини Ц, А и К, и содржат рибофлавин, ниацин и други витамини од Б-комплексот. Исто така, тие се богати со растителни влакна, кои позитивно влијаат на функцијата на дигестивниот тракт, го чистат телото и поттикнуваат излачување на токсини. Тие се одлични и за чистење на цревата и подобрување на варењето.

Кога ќе измешате сливи со следниве состојки, ќе добиете одличен пијалак за слабеење, и најдобро е да го конзумирате пред појадок:

Состојки:

  • 5 до 7 сливи
  • 1 чаша кефир или јогурт со малку маснотии
  • 1 лажица масло од ленено семе
  • 2 лажици овес
  • 1 лажичка какао во прав

Подготовка: Пијалакот се подготвува навечер, а се пие наутро. Оставете ги сливите да стојат во вода најмалку 30 минути. Истурете кефир, овес, ленено масло, какао во блендерот. Исчистете ги и исецкајте ги сливите што останаа во водата и исечкајте ги, па додајте ги во блендер со останатите состојки. Мешајте додека не добиете еднолична смеса и оставете го пијалакот преку ноќ во фрижидер. Пијте пијалак наутро пред појадок.

Прочитајте и: Урми и здравје – пет причини да ги вклучите во вашата исхрана

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.