Пеганизмот е нова хит диета со правилото 5-4-3-2-1: Супер здрави навики, ги симнува килограмите како од шега

Исхрана

Пеганската диета е нешто меѓу веганскиот и палео концептот на исхрана, а многу е ефективна кога е станува збор за губењето на килограмите.

Секое  време си носи свои стандарди за убавина, а ние живееме во период кога цените се високи, но само на стратешките места. Стандардите за убавина налагаат жените да бидат витки и да имаат рамен, затегнат стомак како што можеме тоа да го видиме кај телата на супермоделите.

Иако постигнувањето на таквиот изглед може да се чини како невозможна мисија, сепак и не мора да биде така. Постојат многу диети кои се предложуваат да ги јадеме за да можеме што поедноставно да ги оствариме своите цели кога е физичката убавина во прашање, а дали во тој правец имате слушнато за пеганизмот?

Имено, веганството подразбира некосумирање храна од животинско потекло, а палео диетата, пак, сака човекот да ја врати неговата дневна исхрана, односно да не натера да јадеме како нашите предци. Тоа се два концепта кои се косат, бидејќи веганството забранува јадење на животински производи, додека палео диетата стриктно налага намирници како месо и риба.

Пеганизмот е моментално „жежок“ тренд во фитнес светот, а кој сепак, настојува да се „помири“ со двете идеи. Основата на оваа исхрана е протеинска храна и сирови зеленчук и овошје. Во текот на денот би требало да се придржуваме на правилата 5-4-3-2-1. Што значи тоа?

Значи, пеганизмот сугерира во текот на денот да јадеме на следниов начин:

5 порции зеленчук (освен зеленчук со корен)

4 порции јаглени хидрати – овошје и житарици (освен пченица)

3 порции протеини: риба, пилешко, јајца, посно говедско месо

2 порции моно и полинезаситени масти (авокадо, ореви)

1 порција соино или бадемово млеко

 

Предности на оваа диета

Главните предности на ваквата исхрана се ниско внесување шеќер, голема количина на диетални влакна, како и неконсумирање производи кои содржат пестициди, антибиотик и хормони.

Експертите се согласни дека ако веганството и палео диетата и понатаму се критикуваат поради можните лоши последици на здравјето, пеганизмот го нема тој проблем, бидејќи не исклучува ниту еден тип на намирници. Ова е диета која во суштина многу „отфрла“ на типичната медитеранска диета, а во која приматот е ставен на консумација на свеж зеленчук и овошје, како и локалните млечни и животински производи.

Како преганизмот влијае на губењето килограми?

Ваквиот режим на исхрана го намалува внесот на индустрискиот шеќер, преработената и пржена храна, губењето килограми е гарантиран. Она што е голема предност на оваа диета во однос на другите рестриктивни начини на исхрана, е што создава здрав однос кон храната и никогаш нема да чувствувате глад додека се храните според упатствата на пеганизмот, а истовремено сантиметрите околу струкот ќе се стопат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.