Списокот на здравствени придобивки е навистина долг, а еве зошто барем еднаш неделно треба да го јадете овој лиснат зеленчук:

Го подобрува здравјето на кожата

Спанаќот е полн со антиоксиданти кои ја штитат кожата така што ги спречуваат слободните радикали да се врзуваат за неа и да создаваат проблеми.

Исто така е богат со витамините Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштитно средство за кожата против УВ зраците. Витаминот Ц го поттикнува создавањето на колаген кој го спречува настанувањето на брчки и ја подобрува еластичноста на кожата.

Ги зајакнува мускулите

Овој зеленчук има голем број нутриенти кои помагаат во создавање на мускулите. Со редовна консумација на спанаќ, мускулите полесно поднесуваат напор и побрзо се развиваат.

Го чува срцето

Гликолипидите кои се наоѓаат во спанаќот му помагаат на телото да создава азотен оксид, молекул кој доведува до ширење на крвните садови, а со тоа и до помало напрегање на срцето. Крвта полесно циркулира низ телото и се намалува крвниот притисок.

Го намалува ризикот од дијабетес

Во спанаќот се наоѓа и магнезиум кој го регулира нивото на шеќер во крвта, а тоа е многу важно за да се намали ризикот од појава на дијабетес. Со консумирање на спанаќ внесуваме доволна количина од овој минерал – една шолја спанаќ дневно содржи 6 отсто од препорачаниот дневен внес.

Ја подобрува дигестијата

Една шолја спанаќ содржи 3 отосто од препорачаниот дневен внес на влакна, кои се од пресудно значење за доброто здравје на цревата и правилната работа на метаболизмот.

Го намалува холестеролот

Лутеинот кој се наоѓа во оваа намирница го спречува високиот холестерол бидејќи помага тој да не се задржува и таложи во артериите.

Го чува здравјето на очите

Спанаќот ги чува нашите очи од штетните УВ зрачења, но и од дегенеративни состојби.

Го подобрува расположението

Како и другите лиснати и зелени зеленчуци, и спанаќот се смета за природен антидепресив. Исхраната е поврзана со здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресија. Зголеменото ниво на магнезиум во организмот нè прави посреќни и влијае на нивото на серотонин.

Фото: Pixabay