Овие навики го зајакнуваат срцето по 50-тата година: Еве што треба да промените во исхраната!

Задолжително прочитајте

Клучно е да се има силно срце во 50-тите години, особено зашто тој витален орган минува низ големи промени како што стареете

Вашето срце е мускул, што значи дека природно слабее со текот на времето. Исхраната може да ви помогне да го забавите тоа. Постојат одредени намирници и навики во исхраната што можат да ви помогнат да го одржите здравјето на срцето.

Одбегнувајте газирано

Според Арики Хошајт, нутриционист, газираните напивки, вклучувајќи ги и оние „диеталните“, како и сите други вештачки засладени напивки, се контрапродуктивни кога станува збор за здравјето на срцето.

Некои луѓе мислат дека преминувањето на диеталната верзија на газираните пијалаци им помага да изгубат тежина и да заштедат калории, но важно е да бидете свесни дека газираните сокови можат сериозно да му наштетат на здравјето на вашето срце.

„Вештачки засладените пијалаци се поврзани со зголемен ризик од кардиометаболички болести, а едно истражување дури покажува дека дневната консумација на диетални пијалаци може да предизвика 36 отсто поголем ризик од метаболички синдром и 67 отсто поголем ризик од дијабетес тип 2“, вели Хошајт.

Повеќе зеленчук и овошје

Консумирањето доволно овошје и зеленчук може да помогне при многу различни здравствени проблеми, како и да го намали ризикот од бројни болести. Ако кога станува збор за здравјето на срцето, ова е важна навика што треба да се усвои.

„Соединенијата на зеленчукот и овошјето што ги штитат билките од нивните природни непријатели, за возврат нè штитат од нашите, како што се болестите на срцето, дијабетес, рак и пропаѓање на мозокот“, вели Џуди Барбе, нутриционистка.

Зеленчукот е полн со влакна, витамини, минерали и антиоксиданси, а овие моќни микронутриенти работат заедно во борбата против срцевите болести и го одржуваат ниско нивото на холестерол.

Повеќе риба

Консумирањето риба и други извори на здрави масти може да ви помогне да го одржите срцето здраво и силно, особено ако тие заменуваат некои од изворите на нездравите масти во вашата секојдневна исхрана.

„Омега-3 масните киселини што се добиваат од јадење лосос и други масни риби, пружаат заштита од срцев удар, мозочен удар, рак и инфламаторни болести, како што е ревматичниот артритис“, вели Барбе.

Доволно влакна во исхраната

Вклучувањето доволно влакна во вашата секојдневна исхрана е клучно за подобро здравје на срцето и снижување на холестеролот, што е особено важно како што стареете.

„Одберете храна богата со влакна, како што се интегралните житарки, грав, леќа, овошје и јаткасти плодови – бидејќи растворливите влакна се врзуваат за честичките на холестеролот во тенкото црево, спречувајќи го да влезе во вашиот крвоток.“

Оваа храна го зголемува ризикот од срцев удар за 50 проценти: Ако сакате здраво срце, веднаш исфрлете ги овие намирници од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.