Ова овошје има неверојатни лековити својства: Го чува срцето, ја подмладува кожата и ги топи маснотиите!

Моќно овошје

Кајсијата е многу хранлива овошка што изобилува со влакна, а притоа е и нискокалорична

Кајсиите содржат витамини А, Ц, Б и каротеноиди во значајни количини, минерали, како калиум, бакар, манган, железо, магнезиум и фосфор. Како и повеќето овошја, добар извор се на влакна, а голем дел од здравствените придобивки се должат на антиоксидансите што ги содржат.

Ретко кој може да им одолее на кајсиите. Ова вкусно овошје е и одличен лек. Поради својот состав, многу поволно дејствува на целиот организам. Сезоната на кајсии почна, па затоа искористете ги максимално. Го поттикнуваат одбранбениот механизам на организмот и штитат од инфекции, ги зајакнуваат забите и коските. Поради високата содржина на железо, им се препорачуваат на анемични лица.

Преполни се со витамини А, Ц и Б, каротеноиди и ксантофили, нутриенти што го штитат видот, спречуваат макуларна дегенерација и слабеење на очните мускули во староста.

Еве како кајсиите влијаат врз здравјето…

Го забрзуваат метаболизмот

Кајсиите се одличен извор на влакна, а доколку ги изедете пред оброк, добро ќе влијаат врз метаболизмот и ќе го забрзаат. Влакната ги разградуваат масните киселини и така се грижат за здравјето на системот за варење.

Докажано е дека го намалуваат ризикот од рак и дека го продолжуваат животниот век.

Го чуваат срцето

Кога овошјето е полно со влакна, помага за снижување на холестеролот, што значи дека го штити срцето. Калиумот што го содржи ова овошје ги одржува нивоата на електролити здрави и така помага во работата на срцевите мускули.

Добри се за трудниците

Сокот од кајсии е одличен извор на калциум и железо и тоа е причината зошто им се препорачува на трудниците и на малите деца. Со оглед на тоа што содржат 10 пати повеќе магнезиум од другите овошја, ги подобруваат и функциите на мозокот.

Поттикнуваат слабеење

Кајсиите се нискокалорични, па затоа им се препорачува на сите што се обидуваат да ослабат. Многу се хранливи, па нема да имате напади на глад.

Ги зајакнуваат коските

Калциумот е потребен за коските да се развијат и да останат здрави, а кајсијата го содржи во големи количини. Без доволно калиум, калциумот не може правилно да се апсорбира во организмот, а кајсиите и него го содржат во големи количини.

Благодарение и на витаминот А што го содржат, се сметаат и за еден од најдобрите природни сојузници за зачувување на здравјето на кожата.

Лек за долговечност и моќен чувар на здравјето: Не сте ни свесни што се’ прават кајсиите за вашиот организам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.