Ова е планот за исхрана што е заслужен за совршената става на Софија Вергара: Брзо ги топи килограмите, а нема да ги изгубите облините!

Дознајте

Софија Вергара со децении има совршена фигура, а еве која е тајната на нејзиниот добар изглед

Ретко кој може да остане рамнодушен на убавината и сексапилот на холивудската актерка Софија Вергара. Освен тоа, Вергара ја бие глас дека најдобро старее, а во прилог на тоа му одат и фотографиите од нејзината младост, кои често ги објавува на социјалните мрежи.

Па така, неодамна со следбениците, кои ги има повеќе од 21 милион, споделила фотографија од 1990-тите, на која позира на плажа во Мајами во црно бикини и во провокативна поза што ги нагласила нејзините атрибути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Латино-заводницата била затрупана со лајкови и пофалби, а многумина се согласиле дека и денес изгледа идентично иако поминале речиси 30 години.

„Ти си најубавата жена. Сè уште изгледаш така, можеби дури и подобро“, „Каква кралица“, „Ти не старееш“, „Кога сите би старееле како тебе“, „Воопшто не си се променила“, се само некои од коментарите.

Како ѝ успева да изгледа исто како и пред 3 децении?

Иако и генетиката има свој удел, факт е дека младешкиот изглед и затегнатото, вито тело му ги должи на проверен рецепт. Софија сака да ужива во десерти и во гурмански јадења, но знае како да го потроши сето тоа на вистинскиот начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Комбинира вежби за сила и кардио

Кога станува збор за кардиотренинзите, најчесто скока на јаже или вози велосипед, а кога станува збор за вежбите за сила, прави склекови, вежба со тегови и слично.

Практикува колумбиска диета

Основното правило на оваа диета е да се приготвуваат 5 оброка дневно, а создадена е така што се губат маснотиите од критичните делови, без да се изгубат облините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

План за исхрана

Појадок: кашест сок од свежо овошје и зеленчук, без маснотии

Ужина: сушено овошје или млечна напивка

Ручек: тестенини или ориз со сос што не содржи маснотии

Ужина: свежо овошје или овесна каша со чаша свежо цеден сок

Вечера: се состои главно од протеини од месо или риба со јаглехидрати со низок гликемиски индекс, како што е зелената салата

Важно е да се напомене и дека Софија пие многу вода, бидејќи верува дека водата придонесува за редукција на масното ткиво. Покрај тоа, целосно ја има исфрлено брзата храна и грицките, иако знае да се почести со сладолед или колачи.

ПРЕКРАСНА: Еве зошто годините за Софија Вергара се само број во нејзината лична карта (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.