Освен рибата, ова се најголемите извори на омега-3 масни киселини

Консумирајте ги неколкупати неделно

Иако омега-3 масните киселини се најчесто во рибите со масно ткиво, ако не сте љубител на риба, можете да добиете доволно преку други извори – пред сѐ, семки од тиква и лен, ореви и чиа семе.

Омега-3 масните киселини ги намалуваат воспалителните процеси во организмот кои се поврзани со срцеви заболувања, дијабетес, артритис и одредени видови на рак. Тие помагаат во контролата на крвниот притисок, ја ублажуваат болката во зглобовите и го подигнуваат расположението, а се знае дека се и зајакнувачи на имунитетот.

Риба

Најпознати извори се риби како туна, сардини и лосос, а се препорачува да се јадат два до три пати неделно. Препорачаната дневна доза е 500 милиграми на ден, а оние кои не сакаат риба можат да ја надоместат со семе од чиа, тиква, ленено семе и ореви.

Чиа семе

Еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини е чиа семето, кое исто така содржи повеќе калциум од млекото. Една порција чиа семе содржи пет грама омега-3 масни киселини, што е повеќе од лосос. Тие имаат суптилен вкус и можат да се додадат во јогурт, салати и овесна каша.

Ленено семе

Една четвртина чаша содржи околу седум грама омега-3 масни киселини. Препорачливо е да ги вклучите во исхраната бидејќи го штитат срцето, го намалуваат ризикот од дијабетес и мозочен удар. Ноктите на кои им се потребни масни киселини за добро здравје, исто така, ќе имаат корист од тоа.

Ореви

Богати се со омега-3 масни киселини кои го подигнуваат расположението и ги подобруваат когнитивните функции на мозокот. Студиите потврдија дека овие состојки го намалуваат чувството на вознемиреност и ги ублажуваат симптомите на стрес и го намалуваат високиот крвен притисок. Една четвртина чаша содржи околу 2,8 грама омега-3 масни киселини.

Тиква

Тиквата и нејзините семиња се одличен извор на омега-3 масни киселини и витамини А и Ц. Тие го штитат здравјето на срцето и очите, ги зајакнуваат мускулите и го креваат расположението. Истражувањето потврди дека луѓето кои редовно јадат храна богата со омега-3 масни киселини имаат помала веројатност да бидат депресивни, па затоа се препорачува да ги јадат најмалку двапати неделно.

Прочитајте и: Влијанието на крвната група врз слабеењето: Луѓето од овие две крвни групи тешко губат килограми!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.