Ослабела неверојатни 55 кг: Целиот живот се борела со прекумерната тежина, а потоа променила една навика и се преполовила!

План што дава резултати

Оваа девојка им е инспирација на многу жени ширум светот и е чист доказ дека сè е возможно доколку постои волја

Имала речиси 140 килограми кога сфатила дека не може повеќе да живее така и го променила животот од корен!

Сузана Рајан е мајка од Сан Франциско, која на Инстаграм со своите следбеници го споделува својот пат кон идеалната фигура, а на фотографиите ќе видите дека успеала да ја достигне.

Сузана го усвоила режимот познат како кето диета, исхрана што е богата со масти, но сиромашна со јаглехидрати, и вели дека тоа ѝ помогнало да ослаби 55 килограми. Ги инспирирала луѓето кои нонстоп ѝ пишувале за совети, па за своето искуство пишувала и во книги за кето-исхрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzanne Ryan (@ketokarma)

Таа вели дека првиот чекор не бил „бушење на лажицата“ туку промена на начинот на кој размислува.

„Секој план ќе пропадне ако не верувате во својата моќ дека ќе успеете. Подобрувањето на здравјето е патување што почнува однатре. Целиот живот се борев со недостиг од самодоверба и со депресија, внатрешниот глас ме мачеше и со помош на советување и читање добри книги на таа тема, успеав да го направам најважниот чекор. Важно е да имате и пријатели и семејство полно со поддршка“, рекла таа.

Напредокот, а не совршенството било мотото по коешто се водела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzanne Ryan (@ketokarma)

„Важно е да знаете дека здравите навики во исхраната се вечен процес што трае. Никогаш не размислувајте во насока ‘сè или ништо’. Дури и ако изедете нешто што ја прекршува диетата, не дозволувајте тоа да ве разочара и да ви го загрози остатокот од денот“, рекла таа.

Не претерувајте ни во диетата ни во информирањето, советува Сузана.

„Не плашете се од грешки, не обидувајте се да дознаете сè за некоја исхрана. Почнете полека. Јас не ги мерев ни кетоните во крвта, само ја јадев храната што се препорачува во кето-исхраната. Ќе има грешки и нормално е да ги правите, важно е научите нешто од нив“, рекла Рајан.

Неверојатна трансформација: Оваа девојка ослабела 55 килограми, а променила само една навика!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.