Онколозите никогаш не ги јадат овие намирници: Ако сакате да имате добро здравје, заборавете на оваа храна!

Совет на експерти

Внимавајте која храна ја внесувате во организмот

Рецепт за совршено здравје не постои, но храната може да ни помогне да се чувствуваме подобро и да го намалиме ризикот од разни заболувања. Онколозите споделија како изгледа нивната исхрана и која храна ја препорачуваат.

Белиот леб и преработените производи од месо обично се полни со адитиви и не се добра опција. Исто така, брзата храна е забранета, па доколку сакате здравјето да ви биде на повисоко ниво, послушајте ги советите на лекарите.

Онколог од Денвер, доктор Роберт Ла Порте вели дека не јаде многу процесирано месо и дека одбегнува тестенини. Ретко јаде колачи, бидејќи се полни со шеќери.

„Клучот за правилна исхрана е да се одбегнуваат секојдневните искушенија“, вели професор Марк Морис од Лос Анџелес.

Исфрлањето на масните и слатките грицки е клучно. Грицките се полни со лоши масти, шеќери, но и адитиви, а сите тие заедно лошо влијаат врз организмот. Ако имате напад на глад, направете го истото што и тој го прави – изедете малку туна. Туната е полна со витамини и минерали, а брзо ќе ве засити.

„Треба да го намалите црвеното месо и да го јадете многу ретко, додека прженото е целосно забрането. Тоа воопшто не е здраво“, нагласува доктор Чарлс Кас.

Кои намирници се наоѓаат на листата на пожелни? Еве која храна ја препорачуваат:

„Внимавам на количината на внесени протеини и влакна, па се обидувам секој ден да изедам по 5 овошки или некој зеленчук. Верувам дека свежите намирници се одлична превенција на разни болести“, вели доктор Џордан Берлин.

Онколозите препорачуваат и внесување повеќе риба, бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои докажано се добри за срцето, цревата и крвниот систем.

Доктор Мајк додава и дека добро е да се јадат јаткасти плодови, бидејќи содржат влакна, омега-3 масни киселини и добри маснотии. Добар избор е и говедското месо.

Познат нутриционист тврди: Ако сакате да ослабите, само исфрлете ги овие 2 работи од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.