Од каде ви е идејата дека не смеете да јадете по 18 часот? Ова е вистинската причина за таложење маснотии!

Слободно вечерајте

Точно е дека доцните оброци дебелеат, но ова нема врска со тоа колку е часот

Еден од најчестите совети за слабеење е токму тој: „Не јадете после 18 часот“. Меѓутоа, експертката за слабеење, проф. д-р Дејна Ханс тврди дека ништо не зависи од тоа и слободно можете да вечерате и по шест часот попладне.

„Не знам ни како се појави ова правило“, изјавила д-р Ханс, диететичарка  и професорка на Универзитет.

Врската помеѓу времето и тежината

Некои сметаат дека храната што ја јадеме по 18 часот ќе се складира како маснотии и дека доцните оброци секогаш се поврзани со дебелеење. Тоа по правило е така, но не поради тоа колку е часот, туку поради изборот на храна.

„Ретко кој грицка здрав зеленчук додека навечер гледа телевизија. Вечерта речиси секогаш е резервирана за нездрави оброци, како што се чипсовите, и тоа е причината за дебелеење“, објаснува докторката.

Тоа е причината зошто слабеете ако ја исфрлите вечерата – затоа што сте ги исфрлиле нездравите доцни оброци.

Фактот дека д-р Ханс е во право покажало и едно истражување од Универзитетот Бригем, кое проучувало млади мажи кои не јаделе помеѓу 19 и 6 часот наутро. По две недели изгубиле еден килограм. Потоа, две недели можеле да јадат и во тој период и вратиле назад во просек по 1,3 килограми.

Што да јадете навечер?

Ако сте гладни бидејќи не сте јаделе цел ден, дефинитивно посегнете по храна. Немојте да се плашите да јадете, бидејќи таа филозофија нема да ви успее кај слабеењето.

„Земете житарки од цело зрно и протеини во мали порции. Изедете една порција, па продолжете ако сте се’ уште гладни, но правете паузи за да може желудникот да сфати дали е гладен или не“, открила д-р Ханс.

Сепак, не дозволувајте често да ви се случува тоа. Храната е како гориво, кое важно е да го „точите“ во текот на целиот ден во оптимални количини.

„Вашето тело не знае колку е часот, но знае дека нема гориво. Ако сте изеле нешто по 18 часот, немојте да се чувствувате лошо“, заклучува докторката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.