Нутриционистка го разбила митот за пиење вода со лимон наутро: Еве какво влијание има врз здравјето!

Утринска навика

Инфлуенсерите ја подигнаа водата со лимон на пиедестал, но сѐ помалку луѓе им веруваат

Пиењето вода со лимон во утринските часови стана ритуал за многу луѓе што сакаат да ослабат и да си подобрат здравјето. Иако нема научни докази што потврдуваат дека оваа навика помага за слабеење, таа не е штетна. Напротив, станува збор за здрава навика.

Таа ќе ве обезбеди со солидна доза на витамин Ц веднаш по будењето, а експертите го откриле главниот ефект што таа пракса го има на телото, конкретно на мочниот меур.

Нутриционистката и диететичарка Колин Кристенсен вели дека оваа здрава комбинација, што ја популаризираа инфлуенсерите и ѝ дадоа статус на волшебен еликсир, не е никаква исклучителна течност за детоксикација, ниту може да направи чуда за вашата тежина, тен, мочен систем и дигестија. Главно, станува збор за митови.

Предностите на водата со лимон доаѓаат од пиењето вода, а не од самиот лимон, открива Кристенсен.

„Пиењето соодветна количина на вода може да му помогне на нашето тело да функционира правила, што апсолутно може да придонесе и за здравјето на мочниот меур.“

Метаанализа на истражување од 2015 година, објавено во магазинот Medicine, октирла дека големата количина на вода ја разредува концентрацијата на урината и ја намалува нејзината киселост, односно го отстранува вишокот соли од телото, со што се намалува ризикот од развој на бубрежни камчиња за 60 отсто.

Додека други истражувања сугерирале дека пиењето лимонов сок или други кисели сокови е поврзано со намалувањето на ризикот од бубрежни камчиња, оваа метаанализа не пронашла таква врска.

„Ако водата со лимон ви помага да испиете повеќе вода, уживајте“, открива Кристенсен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.