Новогодишни резолуции со инфлуенсерката Анастасија Димеска: Здравите навики оваа година на прво место!

Па, кои се вашите новогодишни резолуции за здрави навики?

Новата година традиционално со себе носи соништа, планови и резолуции. Периодот на празници, одмор и зимска бајка е совршен период за размислување за сопствените цели, искрена самокритика и ветување дека оваа година ќе бидеме подобри на секое можно поле.

Една од главните цели, секако, се здравите навики. Без разлика дали сме активни вежбачи или потребна ни е натприродна сила да нè натера да ја облечеме опремата за вежбање, здравиот начин на исхрана и тоа како влијае врз нашата целокупна благосостојба. Бенефитите се бројни, па истите имаат влијание не само врз витата линија туку и врз кожата, косата, коските, хормоналната рамнотежа, но сериозно влијаат и врз концентрацијата и когнитивните способности.

Сепак, правилото за 5 порции на овошје и зеленчук дневно, не секогаш е лесно. Прво, поради фактот што не секогаш имаме време наутро да подготвиме свежо смути, или пак во текот на денот да се сетиме дека веќе три дена во чантата ни стојат јаболко и банана, кои чекаат да бидат претворени во овошна салата. Да не заборавиме и на зимскиот период, кога изборот на овошје и зеленчук значително се намалува.

Во постојаната борба на балансирање и огромната желба да бидеме подобра верзија од себе, не ретко доаѓа момент кога се чувствуваме беспомошни. Сепак, решението не е да се потпреме на малите слатки гревови кои даваат инстант енергија и куп шеќери и да заборавиме на важноста на здравата ужина.

Каде се крие тајната на успешното балансирање?

Разговаравме со македонската инфлуенсерка Анастасија Димеска, која и тоа како успешно балансира помеѓу бројните професионални, но и приватни обврски и, во исто време, успева да биде фит и да внимава на здравата исхрана.

Како? Со помош на спакувано овошно пире, кое може да го носите буквално насекаде со себе и е вистински избор за здрава и нутритивна ужина.

Кога станува збор за новогодишните резолуции би продолжила да практикувам здрава исхрана и би се обидела да го одбегнувам слаткото, особено кога ќе забележам дека посегнувам по него во стресни моменти. Би го заменила со поздрави алтернативи.

Nutrino Lab ми е прв избор кога сум излезена и чувствувам потреба од слатка ужина. Секогаш со себе си носам барем едно овошно пире, кое е одлична замена да не посегнам по нешто нездраво, вели познатата македонска инфлуенсерка Анастасија Димеска.

Во хаосот на брзото секојдневие и бескрајни обврски потребна е здрава ужинка која ќе ни помогне, но воедно и ќе нè мотивира да се држиме до здравиот начин на живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dimeska (@dimeska.a)

Секој мој ден е исполнет со различни обврски. Изутрина станувам, се подготвувам за на работа каде што поминувам 8 часа, потоа ги завршувам моите обврски во зависност од денот. Некогаш е фотосесија, некогаш кастинзи или фотосесии. Вечерта сакам да ја посветам на себе и на моето момче, си пуштаме филм и уживаме.

Токму најголемиот бенефит од овошното пире е тоа што е најбрзото и најлесното решение кога мојот ден е хаотичен. Едноставно, ми олеснува да не размислувам што ќе јадам денес, заштедувам многу време со тоа што не готвам, а воедно имам здрав оброк, вели Анастасија.

Брендот Nutrino Lab е создаден од луѓе кои веруваат дека добра и едноставна храна секогаш може да биде достапна. Резултатот од долгогодишните истражувања се вкусни, хранливи, изненадувачки, свежи, здрави и уникатни производи без никакви адитиви.

Во Нутрино лабораторија се користат овошје и зеленчук од сертифицирани одгледувачи кои се претвораат во пире и сокови користејќи современи технологии.

Во процесот на производство, клучни се технолозите кои се грижат за безбедноста и квалитетот на производите и кои ја користат својата имагинација и знаење за да создадат здрави и оригинални мешавини и вкусови.

Nutrino Lab е спакуван во едноставно „пауч-амбалажа, која ја зачувува свежината, мирисот и хранливата вредност на овошјето и зеленчукот. Покрај тоа, овие пакувања се погодни за носење и многу лесни за употреба.

Сите живееме брз живот, за жал. Ги препорачувам на сите мои драги за да им го олеснам изборот што би јаделе денес, за да заштедат на време и истовремено да се хранат здраво. Сè станува навика, а мислам дека навика треба да ви стане здравата исхрана. Nutrino Lab веќе е со мене секојдневно една година и можам да ви кажам дека ми го олесни животот трипати повеќе, вели Анастасија.

Па, кои се вашите новогодишни резолуции за здрави навики?

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.