Нова студија открива дека е добро да пиете филтер кафе, еве зошто

Кофеинот не е само добар за здравјето, како што покажаа досегашните истражувања, кафето дури може да го продолжи животот ако го подготвите со филтер, се вели во студијата објавена во „Европскиот журнал за превентивна кардиологија”.

„Нефилтрираното кафе содржи супстанции кои го зголемуваат холестеролот во крвта. Користењето филтер ја отстранува оваа супстанција и шансите за срцев удар и предвремена смрт се со помала веројатност“, вели авторот на студијата Даг Теле од Шведскиот универзитет во Гетеборг.

„Нашата студија дава силни и убедливи докази за поврзаноста помеѓу методот на подготовка на кафе, срцев удар и долговечност“, рече Теле.

Ова е лоша вест за љубителите на силното турско кафе.

Варењето кафе или употребата на апарати под притисок може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

„Нефилтрирано кафе како турското, што врие или кафе направено во француски апарат за кафе содржи повисоки концентрации на кофестола и кевел, соединенија пронајдени во капки масло, кои лебдат на површината на кафето и во талогот“, вели нутриционистот Лиза Драјер.

„Студиите покажаа дека овие супстанции можат да ги зголемат триглицеридите и ЛДЛ холестеролот“, вели Драјер. „Држете се при филтер кафе бидејќи филтер-хартијата може да ги задржи овие супстанции“.

Новата студија следеше околу половина милион здрави Норвежани на возраст од 20 до 79 години над 20 години.

Резултатите покажуваат дека конзумирањето кафе што зоврило или е резултат на апарат под притисок без филтер го зголемува ризикот од смрт кај мажи на возраст над 60 години затоа што ја зголемува кардиоваскуларната смртност.

Откриено е дека консумирањето филтер кафе е поздраво отколку воопшто да не се консумира кафе.

Филтер кафето беше поврзано со 15% намалување на ризикот од смрт и 12% намалување на ризикот од кардиоваскуларна смрт кај мажите и 20% помал ризик од смрт од срцеви заболувања кај жени во споредба со оние кои воопшто не пиеле кафе.

Студијата покажа дека оние кои пиеле една до четири шолји филтрирано кафе на ден имале најниска стапка на смртност.

Овој наод се заснова на претходните истражувања кои ги покажаа здравствените придобивки од кафето.

Прочитајте и: Ова се последиците со кои би можеле да се соочите доколку нагло прекинете да пиете кафе

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.