Не знаат што е рак: Менито и начинот на живот на најздравиот народ на светот!

Задолжително прочитајте!

Народот Хунзи се најдолговечните луѓе во светот – некои од нив го прославиле и 145-от роденден!

Долината Хунза е плодна долина идеална за занимавање со земјоделство и за изолација од остатокот од светот. Се наоѓа на голема надморска височина. Регионот, благодарение на прекрасната природа и гостопримството на локалците, во 1990-те бил популарна локација за американските и европските туристи.

Денес туризам практично нема, па станува збор за идилично, утописко опкружување.

Колку долго живее народот Хунзи?

Никој всушност не знае колку долго живеат припадниците на народот Хунзи. Докторите ги прегледувале Хунзите и погодувале колку години имаат луѓето. Без премногу фокусирање на документираната максимална старост, навистина необичен факт е тоа што сите извештаи за народот Хунзи споменуваат дека постарата популација е слаба, витална и практично без болести, а тоа важи и денес.

Како се штитат од болести?

Вежбаат. Опкружувањето во кое живеат е планинско и со исклучително нерамен терен. Селата се неверојатно изолирани, а некои од нив се постари повеќе од 1.000 години. Хунзите немаат друг избор освен да се движат по груби и стрмни премини.

Обработливото земјиште исто така не се наоѓа секогаш непосредно во близина на куќите. Некои мештанци треба да одат два часа од селото. За Хунзите се вели дека се многу гостопримливи и љубезни.

https://twitter.com/yasirhunzai1/status/1307895387227918336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1307895387227918336%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flepi-zdravi%2Fnutricija%2F133207%2Fne-znaju-za-rak-jelovnik-i-nacin-zivota-najzdravijeg-naroda-na-svetu

Нивната исхрана

Хунзите главно се хранат со свежи билки. Со оглед на тоа што се толку изолирани, Хунзите немаат на што да готват храна, ниту имаат многу животни на располагање за јадење, па го садат она што можат да го соберат. Хунзите одгледуваат кајсии, цреши, грозје, сливи и праски. Исто така, јадат многу житарки – пченица, јачмен, просо, и чапати – нивниот секојдневен леб.

Но дали се среќни?

Апсолутно. Всушност, некои истражувачи го нарекле овој народ најсреќниот на светот. Хунзите имаат голема страст и љубов за животот.

Што можеме да научиме од народот Хунзи

Јадете свежо овошје и зеленчук, вежбајте секојдневно, бидете позитивни.

Четири правила за долговечност
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.