Мислевте дека не може да јадете пица за вечера без да додадете неколку вишок килограми?
Ако во текот на денот водевте грижа за исхраната — на пример, за појадок внесовте околу 480 калории, за ручек околу 500, а за ужина околу 300 калории — тогаш може да си дозволите вкусна вечера од приближно 500 калории и да продолжите со слабеење.
За сите кои внимавате на исхраната и броите калории, постојат повеќе одлични рецепти кои може да се вклучат во лесна и здрава вечерна рутина. Еден од нив е за пица направена од интегрална тортиља.
Состојки:
-
1 голема интегрална тортиља
-
60 г пилешки гради
-
40 г моцарела
-
15 г песто сос
-
50 г чери домати
-
малку тиквички
Приготвување:
-
На тортиљата прво нанесете песто.
-
Врз него распоредете пилешки гради.
-
Додајте моцарела, домати и тиквички.
-
Кога сите состојки се распоредени, ставете ја тортиљата во фритеза со топол воздух и печете 15 минути на 200 °C, додека состојките убаво се запечат и соединат.

Фото: Pixabay