Не е добро премалку, ни премногу: Дали јадете доволно протеини?

Протеините се важни за здрава исхрана, бидејќи помагаат да се создадат клетки, кожа, крв и коски. Телото користи протеини од храна – поточно аминокиселини – кои се вклучени во производството на хормони, мускули и ензими.

Кога не внесуваме доволно протеини во организмот, стануваме уморни и пргави и почесто се разболуваме, а нашето опоравување трае подолго. Но, не е добро ниту да се претерува. Премногу протеини може да доведат до дехидрација и зголемување на телесната тежина.

Според личниот тренер Лорен Кадилак, на здравите возрасни лица им треба околу еден грам протеини за секој килограм од телесната тежина. Во случај на поактивен начин на живот, тој број може да се удвои, во зависност од тоа со кој спорт се занимавате.

И на бремените жени им треба повеќе протеини, како и на болните или оние кои се опоравуваат од операција. Исто така е можно на лице да му требаат повеќе протеини поради хроничен физички стрес или лошо варење.

Гладот ​​и слабата меморија се можни знаци на недоволен внес на протеини. Недостаток на протеини не може да се компензира со јаглехидрати.

Ниските нивоа на протеини исто така можат да доведат до промени во расположението, сува кожа и опаѓање на косата.

Добри извори на протеини се мешунките и месото. Но, тофу и разни производи од соја се одлични за луѓето кои избегнуваат месо, како и грчки јогурт и киноа.

Повеќето млечни производи се богати со протеини. Половина чаша урда содржи околу десет до 13 грама протеини.

Прочитајте и: Црно грозје – неверојатно лековито богатство

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.