Нашите баби знаеле најдобро: Ако го јадете ова пред ручек или вечера, можете трајно и брзо да ослабите!

Пробајте!

Со желба да ги симнат вишокот килограми, повеќето луѓе одлучуваат да исфрлат некој оброк или одредени намирници од својата исхрана. Сепак, дали сте помислиле дека ако додадете едно јадење пред главниот оброк всушност може да ви помогне многу повеќе во процесот на слабеење?

Познато е дека секој семеен ручек почнува со супа или чорба, но тоа не е без причина! Имено, токму ова јадење е заслужно за добрата работа на органите за варење, но и за внесувањето помалку калории со главното јадење.

Од таа причина, супите и чорбите може да бидат одлични за слабеење, особено ако станува збор за супи богати со зеленчук и полни со влакна. Меѓутоа, за да биде супата делотворна и за да го извлечете максимум од неа, потребно е да направите добар избор на состојки и да се придржувате до одредени правила. Поради тоа, се консултиравме со нутриционисти, кои ни открија неколку важни совети на оваа тема.

Уживањето во супите и чорбите може да биде неограничено, бидејќи супите се толку разновидни и вкусни што едноставно не можете да погрешите со нив. Предноста е во тоа што повеќето супи се генерално многу добри од нутритивна гледна точка. Општо гледано, содржат малку калории, многу малку масти и полни се со здрави состојки, секако, ако го направите вистинскиот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

Дали супата е најдоброто средство за намалување на апетитот?

Бројките од неодамнешните анкети зборуваат сами за себе. Меѓу 60-те учесници (30 мажи и 30 жени) од овој експеримент, што јаделе супа 12 минути пред секој оброк, откриено е дека сите консумирале околу 20% помалку калории со главниот оброк.

За да ја намалите тежината, во супата треба да вклучите и немасни протеини. Исхраната со висока количина на протеини може да ви помогне да се чувствувате посити во споредба со исхраната со ниска количина на протеини, а ова долгорочно може да ви помогне во регулирањето на тежината. Па така, кога ќе приготвувате супа, размислете за опциите како што се грав, леќа и ситно сечкано пилешко бело месо, без кожа. Густината на супата или чорбата, исто така, може да ви помогне брзо да ви се наполни стомакот и така да ви се намали гладот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROSE FERGUSON (@rosemaryferguson_)

Освен тоа, предноста на супите во намалувањето на апетитот  е тоа што ги јадеме многу бавно. Имено, истражувањата покажуваат дека побавната исхрана помага побрзо да се стекне чувство на ситост, а со самото тоа и да се внесат значително помалку калории, без да бидете свесни за тоа.

Веруваме дека по овој текст повеќе нема да ја прескокнувате супата во ресторан и дека ќе ја вклучите во вашата редовна исхрана. Ќе се уверите дека таа одлука повеќекратно ќе ви се исплати!

Тридневна детокс диета со огромна моќ на прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.