Намирници кои лесно можете да ги вклопите во секој оброк, а минимално ќе ви го покачат шеќерот во крвта

Здравје

Не постои храна која може да го разгради шеќерот, тоа е улогата на инсулинот.

Кога телото ќе наиде на шеќер во крвта, се ослободува инсулин за да се транспротира до клетките и да се обезбеди енергија. Сепак, некои намирници имаат минимално влијание на скоковите на шеќерот, па затоа се препорачуваат за секого што проблем со него.

Јајца

Јајцата се одлична храна, особено за појадок, но можете да ги подготвите за секој оброк. Добивате протеини без речиси никакви јаглехидрати. Некои студии дури покажаа дека луѓето кои јадат по едно јајце дневно имаат намален ризик од дијабетес.

Брокула

Овој вкусен зеленчук е полн со витамини, минерали и фитохемиски елементи кои му помагаат на телото да се бори против болестите. Тој е богат со влакна и многу малку јаглехидрати, па затоа не може да предизвика скок на шеќерот во крвта. Дури и влакната ќе помогнат јаглехидратите од друга храна да се апсорбираат побавно.

Интегрален ориз

Житарките содржат јаглехидрати и кога се во интегрална форма, но тогаш барем содржат и влакна кои позитивно влијаат на брзината на апсорпција на јаглехидратите. Кафеавиот ориз содржи и манган, кој помага при многу физиолошки процеси, вклучувајќи го и регулирањето на шеќерот во крвта.

Соја

Тоа е меѓу мешунките кои имаат најнизок гликемиски индекс, а за тоа придонесуваат и содржината на протеини и масти. Некои студии дури покажаа врска помеѓу понискиот шеќер во крвта и поголемата потрошувачка на соја.

Се покажа дека сојата и производите од соја ја подобруваат толеранцијата на гликоза кај некои дијабетичари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.