Наглото откажување од нездрава храна предизвикува анксиозност и главоболка

Внимавајте

Преработената храна, која обично содржи прекумерна количина на шеќер може и тоа како да предизвика зависност.

Доколку сте се чувствувале чудно или сте имале главоболка после откажување од нездравата исхрана, тоа е бидејќи поминувате низ симптомите на зависност, појаснуваат експертите.

Судејќи според анализата на нутриционистите, која е објавена во магазинот “Live Science”, личностите кои нагло престануваат да јадат грицки или колачи, преживуваат исти симптоми како и оние кои ќе престанат да пушат цигари. Во тие случаеви можат да почувствуваат вртоглавица, анксиозност, копнеж, главоболка и несоница.

За време на истражувањето експертите побарале од 200 испитаници, кои биле на диета во изминатите години, да одговорат на неколку прашања за симптомите. Нивните одговори покажале дека речиси сите се соочуваат со психички и физички потешкотии поради откажување од нездрава храна.

Лидерот на истражувачкиот тим, психологот Ерика Шулте рекла дека ова е првото истражување за симптомите кои луѓето можат да ги искусат поради храната.

Ова истражување укажува на тоа како преработената храна, која обично содржи прекумерна количина на шеќер може и тоа како да предизвика зависност”, вели Ерика.

Меѓутоа, експертите од Универзитетот во Мичиген не го истражиле детално интензитетот на симптомите кај испитаниците. Сепак, веруваат дека резултатите до кои дошле се одлична почетна точка за идни истражувања за зависност од храна.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време