Може репете?: Потаж од грашок кој и децата ќе го обожаваат!

Рецепт

Без разлика дали сте љубител на готвената храна или не, вака приготвен грашок со сигурност ќе ви се допадне.

Од кујната на бабите доаѓа рецепт за лесен летен оброк. Здраво, вкусно и лесно за подготовка!

Неопходно е:

500 гр замрзнат или свеж грашок

1 главица кромид

2 моркови

1 голем компир

1 лажичка суви зачини

1 лажичка лук како гранули

малку масло

прилог по избор

Подготовка:

На малку масло пропржете го сечканиот кромид. Додадете го сечканиот морков, а потоа и грашокот. Истурете вода да се покрие и варете 20-30 минути.

Додадете зачини, лук, па тргнете од шпоретот. Измикајте ја смесата за да стане густа или искористете блендер. По желба додадете прилог до грашокот. Добар избор е пржено пилешко месо или ако постите, риба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.