Мора да ги промените овие 5 работи ако сакате ослабите: Нутриционистка открива како да ги симнете килограмите по 50. година

Како да ослабите по 50. година?

Слабеењето е тешко самото по себе, а со текот на годините станува уште потешко – еве некои клучни совети како да ги симнете вишокот килограми по 50. година во животот

Симнувањето на килограмите станува сè потешко со текот на годините, бидејќи како што старееме, нашиот метаболизам се забавува поради губењето на мускулите, вели Лори Чонг, нутриционистка од Медицинскиот центар Векснер на универзитетот во Охајо.

„Поголемиот мускулен тонус ја зголемува брзината на метаболизмот. Помалата мускулна маса ја намалува брзината на метаболизмот“, тврди Чонг и нагласува дека на жените во 50-тите години може да им биде потешко да ослабат и поради хормонските промени што им се случуваат пред и по менопаузата.

Ако имате повеќе од 50 години и сакате да ослабите, овие 5 совети ќе ви помогнат во таа намера:

1. Движењето е столб на здравиот живот

Пред сè, движењето е основна навика што мора да биде дел од вашето секојдневје. Кардиовежбите не само што го одржуваат срцето во форма, туку и ја подобруваат работата на метаболизмот. Во кардиовежби спаѓаат трчањето, пливањето, возењето велосипед, брзото одење, танцувањето и аеробикот. Се препорачува да практикувате кардиовежби најмалку 150 минути неделно со умерен интензитет или 75 минути неделно со висок интензитет за оптимални здравствени придобивки.

2. Не прескокнувајте ги тренинзите за сила

Како што старееме, природно губиме мускулна маса, а овој процес е познат како саркопенија. Тренингот за сила помага во зачувувањето и изградбата на мускулите, што е клучно за одржувањето на метаболизмот, бидејќи мускулите согоруваат повеќе калории во мирување отколку масното ткиво.

3. Пијте доволно вода

Иако се смета дека би требало да пиеме 8 чаши вода дневно, секој од нас има различни потреби, а потребата за течности може да зависи и од температурата надвор (кога е жешко, ни требаат повеќе течности) и од активноста (потењето). Течната храна, како супите, варивата, овошјето и зеленчукот, исто така, заситуваат а содржат малку калории.

4. Внесувајте помалку додадени шеќери

Честата консумација на слатки здебелува, бидејќи додадените шеќери доведуваат до внесување дополнителни калории, но не и хранливи материи.

5. Внесувајте помалку влакна

Оброците со здрави намирници подолго го одржуваат чувството на ситост што може да го спречи прејадувањето со нездрава, висококалорична храна. Нутриентот што е особено важен во овој процес се влакната. Влакната потекнуваат од непреработена цела растителна храна: овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, јаткасти плодови и семиња.

Со ОВАА ефикасна диета експресно ќе го подготвите вашето тело за на плажа
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе