Митот за чоколадото не е точен: Еве зошто е добро за здравјето!

Добри вести

„Слаткиот грев” не е толку лош за здравјето, како што се вели.

Бројни предрасуди – вистини и лаги, кои ја придружуваат чоколадата, се рефлектираат во коментарите дека не е здраво, дека лошо влијае на кожата, забите, врз телесната тежина … Сепак, не е сè „толку црно“ кога станува збор за чоколадото.

Настрана од фактот дека сите го обожаваме – што е вкусно и пријатно за сите наши сетила, има и многу корисни својства.

Покрај неговите познати недостатоци, чоколадото е многу добро за кожата затоа што неговите состојки го забавуваат стареењето и исто така имаат многу добар ефект врз циркулацијата.

Чоколадото е богато со калиум, фосфор, магнезиум и витамин А, што го прави многу добро за кардиоваскуларниот и мускулниот систем, кожата и косата.

Покрај тоа што е добро за нашите тела, чоколадото добро влијае и на нашите мозоци. Конзумирањето чоколадо во мозокот го ослободува хормонот ендорфин, кој е одговорен за чувството на смиреност и среќа, така што чоколадото може да се каже дека има еден вид седативно дејство.

Се разбира, она што е многу важно да се напомене е дека сите овие добри својства на чоколадото ќе имаат ефект ако тоа се јаде во умерени количини, а препораката е една (во многу стресни ситуации – две) штангли дневно.

Прочитајте и: 10 намирници за младешки изглед: Гарантираат повеќе колаген и сјајна кожа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.