Минерална вода: треба ли да се пие и колку?

За многумина лете таа е вистински спас. Меѓутоа, тоа не е само обична вода туку лековита, која треба да се пие разумно

Во неограничени количества може да се пие само асталска минерална вода (амбалажирана подземна вода за пиење што се обработува за подобрување на квалитетот во согласност со прописите за водата за пиење). Природна минерална вода пијте доколку ви е достапна, но знајте дека таа, која во себе содржи повеќе од 10 г/л сол, се користи само по препорака на лекар.

КАКО ДА СЕ ИЗБЕРЕ

При избор на вода постои основно правило: колку се поактивни воспалителните процеси во дигестивниот тракт, минерализацијата треба да биде помала, како и дозата.

Во случај на хроничен гастритис со намалена секреција помагаат јаглендиоксидни и бикарбонатни води со јони од хлор и натриум, а во случај на зголемена секреција, хидрокарбонатно-сулфатни и хидрокарбонатно-натриумски, без органски материи и гасови.

При дебелина се препорачува вода со поголема содржина сулфати, хлор и магнезиум.

Во случај на дијабетес – со поголема содржина цинк, бакар и хидрокарбонати. Последните го менуваат кисело-базниот баланс на урината и може да се применуваат при хроничен циститис и за намалување на создавањето камен во бубрезите. Магнезиумските води го намалуваат стресот, а благодарение на влијанието на моториката на цревата – помагаат во случај на запек.

Најдобро е лековита минерална вода да се купи во аптека во стаклено шише со темнозелена боја, три-четири дена по амбалажирањето – така најдобро се чуваат лековитите својства.

ЧАША – МАКСИМУМ

Количеството вода за лекување по правило почнува од 50 мл на ден и постепено се зголемува до 250 мл. Курата трае три до шест недели. Подолго користење може да доведе до нарушување на метаболизмот на водата и солите.

! Неконтролираното внесување минерална вода може да се спореди со примената на лековити препарати без индикации и препораки од лекар.

ВНИМАНИЕ!

Минерална вода не смее да се пие во текот на влошување на заболувања на дигестивниот тракт, срцеви слабости, нарушувања на функциите на бубрезите, заболувања на жолчните и мочните патишта што изискуваат оперативно лекување, во ран постоперативен период и во случај на некои невролошки заболувања (консултирајте се со лекар).

Текст: Елена Куш, лекарка и диетолог

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.