Со својот пример, Милица Павловиќ докажа дека волјата и дисциплината можат да направат чуда, и дека вистинската трансформација почнува однатре!
Пејачката Милица Павловиќ, која моментално ужива во Атина и редовно споделува фотографии од своето совршено обликувано тело, откри како за само 10 дена ослабела дури 12 килограми – и тоа без магични напивки, туку со дисциплина и јасен план на исхрана.
Сè е во дисциплината и во правилниот избор на храна
Пријателите ми зборуваа за овој начин на исхрана со банани и вода, па почнав да се информирам и да го применувам, но само по консултацијата со лекарот. Без тоа ништо. Секој организам е различен и мора да се слуша телото,“ изјавила Милица за „Блиц“.
Нејзиното мени за брза трансформација
Појадок:
👉 Три банани и вода (дозволено е и чаша обезмастено млеко)
Ручек:
👉 Динстан зеленчук со телешко месо или рибја чорба
Вечера:
👉 Печена мисирка или риба на скара
🫛 Со секој оброк е дозволена само зелена салата или зелка – ништо друго!
View this post on Instagram
Резултат: минус 12 килограми и вита силуета
Само за десет дена, пејачката успеала да ја врати својата препознатлива фигура и блеска со самодоверба на фотографиите од грчката престолнина.
И покрај нападите – останува мирна и фокусирана
Иако последните недели медиумите ја поврзуваат со конфликти со Аца Лукас, Дара Бубамара и Јелена Карлеуша, Милица одбива да влезе во расправии.
Немам време за негативна енергија. Моето тело, здравјето и музиката ми се приоритет“, изјави таа со насмевка.
Фото: Инстаграм