Методот на исхрана на Гвинет Палтроу поради кој изгледа 20 години помладо: Мозокот ѝ работи како часовник, а телото ѝ е извајано!

Почнете да го применувате и вие

Актерката Гвинет Палтроу често е на удар на критики бидејќи важи за преслаба за своите години и висина

Гвинет Палтроу со години практикува ист начин на исхрана поради кој на 53 години има 60 килограми, на висина од 175 сантиметри. Оваа филмска ѕвезда ја гарантира ефикасноста на периодичниот пост 16:8.

Идеја: Да се пости 16 часа по вечерата, по што следат 8 часа нормални оброци.

Цел: Да се подобри метаболизмот, да се намалат килограмите и да се одржи нормално нивото на шеќер во крвта.

Методот на исхрана на Гвинет Палтроу подразбира прескокнување на појадокот, што значи дека постои висок ризик да го започнете денот раздразливи и без концентрација. Тоа е поради постепениот пад на шеќер во крвта и, последично, на енергијата.

А ручекот воопшто не е лесен

Во текот на денот, поради подолгиот пост, телото ќе бара надомест, што може да доведе до прејадување. Или уште полошо, утринската нервоза ќе ве наведе на брза храна и слатко, што ќе ви го отежни внесувањето на потребната дневна количина на хранливи материи.

Но успехот на постот директно зависи од индивидуалните карактеристики. Сите сме различни… Постојат и такви на кои им е строго забрането да практикуваат автофагија или периодичен пост: дијабетичари (и сите со проблеми со шеќерот во крвта), како и доилки и трудници.

План на исхрана за автофагија
  • До 10 часот – пиете само вода. Млаката вода ги прочистува цревата и така ќе внесете и до пола литар вода.
  • 10 часот – појадок – јајца или туна со зеленчук или палента со сирење и јогурт.
  • Од 10 па до 16 часот – пиете само вода и можеби кафе без шеќер.
  • Во 16 часот – ручате нешто зготвено (супа + месо + варен или зеленчук на скара + салата или чорба со салата)
  • До 18 часот имате простор да изедете нешто слатко или овошје.
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе