Лето и домати – има ли подобра комбинација? Еве зошто треба почесто да ги јадете

Освен што се вкусни и освежителни, доматите во лето му обезбедуваат на организмот течности, витамини и моќни антиоксиданси кои помагаат во заштитата на здравјето.

Летото е незамисливо без сочни и зрели домати, кои се неизоставен дел од салатите и многу омилени јадења. Покрај одличниот вкус, нутриционистите велат дека токму во овој период од годината тие имаат бројни придобивки за организмот.

Доматите содржат повеќе од 90 проценти вода, што ги прави одличен избор за хидратација во топлите денови. Богати се и со витамин Ц, калиум, фолна киселина и витамин К, хранливи материи кои придонесуваат за нормално функционирање на организмот.

Една од нивните најголеми предности е ликопенот – моќен антиоксиданс кој му ја дава препознатливата црвена боја на доматот. Истражувањата покажуваат дека ликопенот помага во заштитата на клетките од оксидативен стрес и е поврзан со подобро здравје на срцето, а може да придонесе и за намалување на оштетувањата на кожата предизвикани од сончевите УВ-зраци. Сепак, експертите нагласуваат дека тоа не е замена за крем со заштитен фактор.

Нутриционистите советуваат доматите да се консумираат и свежи и термички обработени, бидејќи при готвењето организмот полесно го апсорбира ликопенот, особено ако се комбинираат со малку маслиново масло. Така, освен што ќе уживате во нивниот вкус, ќе му обезбедите на телото и вредни хранливи материи во текот на летните месеци.

pexels – domati

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе