Контроверзната диета на Карл Лагерфелд: Вака изгубил 40 килограми за една година!

Ригорозни правила!

Главниот мотив на Лагерфелд за неговото губење килограми била секако модата

Иако тешко е да се замисли слабиот седокос старец, кој постојано носел очила за сонце, со вишок килограми, вистината е дека токму така некогаш изгледал Карл.

Како што наведат бројните медиуми, главниот мотив на Лагерфелд за губењето килограми била секако модата. Имено, тој многу сакал да носи модни парчиња на дизајнерот Хеди Слиман, па се одлучил на ригорозна диета, што ја смислил гуруто за слабеење доктор Жан-Клод Худре.

За една година Карл Лагерфелд изгубил импресивни 40 килограми, а докторот потоа ја напишал и книгата „Диетата на Карл Лагерфелд“ која многу брзо станала хит. Но, сосема очекувано, не биле сите задоволни од ваквиот план за исхрана.

Неговата диета се засновала на ограничено внесување маснотии и калории, одбегнување пржена и преработена храна, како и зголемено внесување зеленчук и протеини. Иако на прв поглед не делува како премногу да се разликува од многуте други диети, постои една работа што предизвикала бурни реакции.

Во оваа диета, многу е важно да се консумираат протеини со секој оброк за да се спречи губењето мускулна маса, но наместо протеини до храна, диетата на Карл Лагерфелд се заснова на користење протеински додатоци со различни вкусови.

Се препорачува користење вакви замени барем за еден оброк дневно. Постојат и други дискутабилни работи околу оваа диета.

Таа се одвива во три фази, а во текот на првата, дозволено е да се внесуваат само 800 до 900 калории дневно, што е премногу рестриктивно за повеќето луѓе, бидејќи тешко е нормално да се функционира со толку малку калории.

Секако, акцентот е на споменатите протеински напивки и другите додатови наместо класичните производи богати со протеини. Потполно очекувано, повеќето нутриционисти се согласуваат дека оваа диета (или барем нејзината прва фаза) целосно би требало да се одбегне.

Но мотивацијата на Карл за губењето килограми била интересна. Наместо да биде мотивиран поради здравјето, тој сметал дека модните трендови и гардеробата се главните работи што секого би требало да го мотивираат.

Очигледно, експертите не ги поддржуваат ваквите диети и нагласуваат дека не треба постојано да чувствувате глад за да ослабите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.