Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема сила и флексибилност, со што се зголемува отпорноста на скршеници
Коските се состојат од динамично живо ткиво, на кое му требаат широк спектар на хранливи материи, а не само минерали како што е калциумот, за да одржат оптимално здравје.
Иако најголемо внимание им се обрнува на минералите кога станува збор за коските, намалената содржина на колаген исто така претставува значаен фактор за појава на остеопороза и ниска густина на коските.
Колагенот, исто така, е одговорен за младешкиот изглед, па затоа ви откриваме листа на намирници кои содржат колаген…
Лосос
Преполн е со минерали одговорни за производството на колаген, како што е цинкот. Исто така, содржи многу омега-3 масни киселини кои помагаат да се одржи влажноста на кожата.
Супа од коски
Таа, всушност, не го поттикнува производството на колаген, туку содржи биоактивен облик на колаген, кој вашето тело веднаш може да го искористи. Супата од пилешки и мисиркини коски содржи колаген тип 2, кој го поддржува здравјето на зглобовите, а супата од говедски коски содржи колаген тип 1 кој го одржува здравјето на кожата.
Јајца
Слично како супата од коски, јајцата исто така содржат колаген во жолчката. Во јајцата има и многу сулфур, кој е важен за детоксикација на црниот дроб и производство на колаген. Тоа овозможува токсините што го уништуваат колагенот да бидат отстранети од телото.
Чиа семе
Богато е со омега-3 масни киселини, кои се важни за хидратација и за обновување на клетките на кожата, за да може таа да изгледа младолико и мазно.
Семки од тиква
Богати се со цинк, па затоа, како и лососот, совршени се за луѓето на кои им недостига колаген. Пржените семки се најдобри, бидејќи побогати се со хранливи материи од сировите.
Агруми
Големата количина на витамин Ц што ја содржат агрумите, им помага на аминокиселините во производството на пролини – неесенцијални аминокиселини кои учествуваат во производството на колаген.
Зелен зеленчук
Содржи хлорофил, пигмент што го зголемува нивото на проколаген во кожата. Хлорофилот, исто така, ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи во борбата против слободните радикали и ултравиолетовите зраци.
Зрнесто овошје
Брусниците, капините, јагодите и малините содржат елагична киселина, која помага во заштитата на кожата од оштетувања предизвикани од ултравиолетови зраци, како и здрава количина на витамин Ц.
Авокадо
Витаминот Е што го содржи авокадото го спречува опаѓањето на нивото на колаген во телото. Авокадото содржи и корисни маснотии што го подобруваат здравјето на кожата и го поттикнуваат производството на колаген.
Домат
Богат е со ликопен, кој ја штити кожата од ултравиолетови зраци и ја поттикнува синтезата на колаген. Печениот домат содржи голема количина на ликопен, а доматниот сок го содржи во најголема количина.
ФОТО: Pablo Merchán Montes / Unsplash