Кој период од денот е идеален за да внесете јаглени хидрати во вашиот организам?

Потребно е да се придржувате до одредени правила на исхрана

Ако сакате да постигнете најдобри резултати, треба да внимавате кога внесувате одредени производи

Сигурно сте чуле дека рафинираните јаглени хидрати најдобро е да се јадат наутро, за појадок. Поради оваа идеја, многумина се почестуваат наутро со омилените печива, бел леб или палачинки, верувајќи дека без проблем ќе ги согорат внесените состојки.

Меѓутоа, мислењето за најдобриот период за внесување јаглени хидрати полека се менува помеѓу експертите за фитнес. Сега е актуелно мислењето дека треба да ги одбегнувате рафинираните јаглени хидрати токму во утринските часови.

За појадок најважно е да јадете балансиран оброк кој ќе ви даде енергија и ќе обезбеди доволно шеќер во крвта. Ако сакате да уживате во оброк што содржи рафинирани јаглени хидрати, јадете го пред крајот на денот.

Без балансиран појадок кој содржи протеини и здрави јаглени хидрати, шеќерот во крвта ќе падне, па поради тоа многу брзо ќе почувствувате глад и недостаток на енергија.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време