Кога ќе наполни 45 години, секоја жена мора да ги јаде овие семиња за да го забави стареењето на кожата и коските!

Здрав живот

Спречете ги првите знаци на менопауза, тешките болести и стареењето со овие семиња

Семињата се одличен извор на витамини и протеини, како и минерали и единствени етерични масла. Имаат лековит ефект на нашето тело, па затоа особено се препорачуваат за жени повозрасни од 45 години.

Чиа семе

Богато е со омега-3 масни киселини, дури повеќе и од ленот и лососот. Содржи антиоксиданси, а само 2 лажици од ова семе содржат 18% калциум и 4 г протеин. Содржи малку холестерол и натриум, а изобилува со влакна, калциум, фосфор, магнезиум, бакар, калиум, манган, железо и цинк.

Ленено семе

Семето од лен содржи омега-3 масни киселини, антиоксиданси, минерали и витамини. Богато е со витамин Б и магнезиум. Помага за подмладување на кожата, ја подобрува дигестијата и ги отстранува вишокот килограми.

Сусамово семе

Одличен извор на протеин, калциум и магнезиум. Во 100 г сусам има доволно фолна косилена што е неопходна за телото на една жена. Две лажички од ова семе ќе ги зајакнат коските, зглобовите и ја намалуваат желбата за благо. Успешно се бори против рак и го подобрува општото здравје.

Киноа

Киноата содржи 9 есенцијални протеини, витамини, аминокиселини, ензими и важни минерали. Киноата е одлична замена за месо, бидејќи содржи протеини. Помага во опуштањето на мускулите на телото и крвните садови, но помага и во борбата против рак, дијабетес, атеросклероза и микроби.

Жените во перименопауза и менопауза мораат да ги јадат овие четири семиња ако сакаат да ги ублажат или спречат симптомите на менопауза. Овие семиња успешно спречуваат кардиоваскуларни болести, стареење на кожата и коските, а ги зајакнуваат косата и ноктите.

Пред употреба на семето, треба да се потопи во вода 3 до 7 часа. Потоа ова семе измешајте го со овошје или јогурт и консумирајте го секој ден. Ако сакате да ги почувствувате придобивките од овие семиња, секој ден јадете по 2 лажици од едно од овие 4 семиња.

Древен лек на старите Инки: Природен аналгетик што го регулира нивото на хормони, го забавува стареењето и ги ублажува симптомите на менопауза!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.