Кога е вистинското време за вашето прво утринско кафе?

За поголема активност

Штом се разбудивте, помисливте на вашето прво утринско, силно кафе и сте сигурни дека ќе ве разбуди? Не сте единствени!

Оваа навика да се разбудите со кафе се чини дека е сосема погрешна. Имено, експертите утврдија дека овој црн пијалак најдобро се конзумира подоцна во текот на денот.

Едно неодамнешно истражување на „Ројтерс“ откри дека повеќе од 85 проценти од луѓето во САД редовно консумираат кофеин, па не е изненадување што тие секое утро го асоцираат со мирис на свежо кафе.

Нутриционистите предупредуваат дека кафето како прв пијалак не е ефикасно ако сакаме да се чувствуваме будни и активни во текот на денот. Всушност, точно е дека кафето веднаш по будењето може да нè направи нервозни и претерано активни кратко време по пиењето, но и многу уморни само неколку часа подоцна.

По будењето, самото тело започнува да произведува повисоки нивоа на стрес хормони, кои нè разбудуваат. Ако на тоа додадеме кофеин, тоа ниво на кортизол одеднаш може да биде премногу за мозочните клетки.

Кога после неколку часа такво двојно количество кортизол е осиромашено, се појавува чувство на голем замор.

Советот е да се пие првото утринско кафе неколку часа по разбудувањето, по можност три до четири часа по будењето бидејќи претпладнето е најдобро време кога нивото на кортизол е најниско.

Прочитајте и: Дали мислите дека едно авокадо на ден може да ви помогне да изгубите тежина?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.