Кога е идеално време да се напиеме кафе, чај, млеко…?

Што кога се пие?

Нутриционистите советуваат омилените напивки да ги консумираме во одредено време во текот на денот, затоа што само на тој начин го користиме максимумот од нивното полезно дејство врз нашиот организам.

ОБРАНО МЛЕКО

Кога? За појадок.

Зошто? Ја олеснува контролата на апетитот. Овој заклучок на научниците се базира на резултатите од истражувањето во кое беше утврдено дека луѓето што наутро пијат млеко консумираат помало количество храна за време на ручек.

ВОДА

Кога?  На секој час.

Зошто? Иако сите видови течности придонесуваат за исполнување на дневниот оптимум (осум чаши), водата е најдобар избор.

СОК ОД АНАНАС

Када? Пред вечера.

Зошто? Ова овошје е богато со бромелин – ензим што докажано ја подобрува дигестијата. Разбирливо, најдобар избор е сок од свежо овошје, бидејќи содржи природен шеќер.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Кога? Напладне.

Зошто? Истражувањата покажуваат дека содржи доволно кофеин да го одржи нивото енергија, но содржи и високи дози катехин, материја што штити од срцеви заболувања и од рак.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.